Вилијам Салиба ќе потпише нов договор со Арсенал

June 11, 2023
1 min read

Фудбалерот на Арсенал, Вилијам Салиба се согласил да потпише нов четиригодишен договор со англсикиот вице првак.

Договорот на францускиот дефанзивец важи до 2024 година, но тој сега ќе остане во клубот три години подолго од тоа, објави денеска „Скај спорт“.

Арсенал ја финализира документацијата пред потпишувањето на договорот.Во 2019 година, Салиба се пресели од Сент Етјен во Арсенал, но остана на позајмица во Франција во Сент Етјен, Ница и Олимпик.

Тој дебитираше за првиот тим на Арсенал дури минатиот август и беше еден од најважните играчи во тимот на Микел Артета.

Арсенал до самиот крај се бореше за титулата во Премиер лигата, тимот освои 84 бода, најмногу од 2004 година, но не успеа да триумфира, па титулата ја одбрани Манчестер сити.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Историја за Манчестер Сити, трофеј во Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

Следно

Црна Гора денеска гласа на предвремени парламентарни избори

Latest from Blog

И Здравје и Работа: Грција го отвори еден најголемите рудници во Европа на Халкидики, македонското рударство се уште чека шанса

Примерот на Грција покажува дека рударството може да биде двигател на економскиот развој, без да ги исклучува земјоделството, туризмот и другите стопански гранки. Локалната иницијатива „И Здравје и Работа“, која се залага

ВЛЕН: Рама ги поздрави разговорите за правосуден испит на албански јазик

ВЛЕН соопшти дека албанскиот премиер Еди Рама им се заблагодарил на албанските партии во Владата за напорите за унапредување на употребата на албанскиот јазик. Според коалицијата, Рама ги посочил прашањата поврзани со

Невремиња и поплави погодија голем дел од САД, повеќе од 900.000 корисници без струја

Силни невремиња, обилни дождови, ветрови и поплави погодија голем дел од САД за време на Денот на благодарноста, нарушувајќи ги празничните патувања и оставајќи повеќе од 900.000 домаќинства и деловни објекти без

Вработени во ЈСП фатени како крадат гориво – ќе бидат избркани од работа

Вработени во ЈСП „Скопје“ се фатени како крадат нафта од автобусите во гаражата на претпријатието во Ѓорче Петров. Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил објави фотографии на кои

Маурицио Сари: Не можеме постојано да се извлекуваме на ваков начин

Тренерот на Аталанта, Маурицио Сари, испрати сериозно предупредување до своите фудбалери, посочувајќи дека тимот не може постојано да се потпира на пресврти за да доаѓа до победи. Стратегот го коментираше драматичниот триумф
Go toTop