Центарци да ги кажат своите предлози за Буџетот за 2024 година, повика Герасимовски

1 min read

Општина Центар вечерва од 18 часот ќе ја одржи Втората сесија од Буџетските форуми. Состанокот ќе се одржи во ООУ „Киро Глигоров“ каде ќе биде претставен и разгледан Нацрт буџетот на 2024 година и ќе бидат дискутирани проектите кои граѓаните ги предложија на првата средба на Буџетските форуми. Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува граѓаните да се вклучат во реализацијата и креирањето политики во локалната самоуправа.

„Мислењето на граѓаните ни е исклучително важно, затоа нивното вклучување во креирањето на Буџетот е многу значајно за развојот и унапредувањето на животот во Центар. Ние ќе се фокусираме на нивните барања според приоритети во рамки на можностите на буџетот. Затоа ги поздравувам проектите кои ги предложија и истите ќе ги разгледаме за дел од нив секако според нивната важност да ги вметнеме во Буџетот за следната година. На втората и завршна сесија исто така сме отворени за нови предлози за конечно прецизирање на Буџетот“, порачува Герасимовски.

На буџетските форуми покрај градоначалникот Герасимовски и граѓаните на Центар свое учество земат и раководителите на сите сектори на општинската администрација кои ќе одговараат на прашањата на граѓаните по однос проектите кои се предлагаат и советници во Советот на општината. Минатата недела Општина Центар ја стави во функција алатката „Мој буџет“ со цел граѓаните направат преглед на приходите и расходите во Нацрт-буџетот на Општина Центар за 2024 и ги изменат проектираните средства за одредена ставка според нивно видување. Вклучувањето на граѓаните во креирање на програмите и проектите ќе го направат поквалитетен животот за сите граѓани кои живеат во општината. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Иран: Изведен кибернапад на интернет-системот на бензинските пумпи

Следно

Latest from Blog