Целото семејство на денешниот празник треба да го направи ова – се верува дека само така ќе имате среќа

February 8, 2024
1 min read

Денеска се празнуваат Преподобните Ксенофонт и Марија и нивните синови Јован и Аркадиј.

Угледни и богати цариграѓани. Живееја богоугодно и со најголемо внимание ги воспитуваа своите синови во христијански дух. Кога синовите им пораснаа, ги пратија на студии во Вирит (Бејрут); но се случи бура го потопи коработ.

По Божја Промисла Јован и Аркадиј беа некако спасени и исфрлени од брановите на брегот, но на две различни места, така што секој мислеше за другиот дека потонал. Од тага еден за друг обајцата се замонашија во два различни манастири.

После две години нивните ужалени родители појдоа во Ерусалим на поклонение на светостите. Таму со помош на проѕорливоста на еден духовник се состанаа прво брат со брат, Јован и Аркадиј, а потоа и родителите со своите деца. Од благодарност кон Бога Ксенофонт и Марија и самите го раздадоа сиот свој имот на сиромасите и обајцата се замонашија.

Трогателната историја на овие четири свети души јасно покажува колку прекрасно Господ раководи со судбините на оние што веруваат во Него; како допушта врз нив маки и жалости за потоа уште позасилени во верата да ги возведе во многу поголема радост. Живееја и се упокоија во Господ во 10 век.

Старите со векови верувале дека денот посветен на преподобните Ксенофон и Марија е ден кога семејството мора и треба да биде заедно. Во минатото на овој ден е обичај семејно да се оди во црква и да се запали свеќа за исцелување. Ако го направите ова, се верува дека среќата ќе го следи вашето семејство во текот на целата година.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„ЌЕ ПЛАТАТ СИГУРНО“: Се огласи Неда Украден откако Шпанија ја украдоа нејзината песна која ја праќа на Евровизија – на сцената мажи во танга играат голи! (ВИДЕО)

Следно

Битиќи спремен да прифати кандидатура за претседател на државата

Latest from Blog

По разорниот земјотрес, нова трагедија во Филипини- свлечиште однесе десетина животи (ФОТО)

Еден маж е спасен од урнатините и однесен во болница со сериозни повреди, додека најмалку 115 семејства се евакуирани, соопшти локалната Канцеларија за намалување на ризиците од катастрофи и управување со вонредни

Мецола: Статус кво состојбата ја оддалечува Македонија од Европа

Претседателката на Европскиот парламент порача дека проширувањето е добивка и за Унијата и за земјите кандидати, предупредувајќи дека бесконечното чекање создава разочарување и ја поткопува довербата во европската идеја. Пораката на Мецола

Полувреме: Руиз и Де Кетеларе за 1:1! Имаше ли пенал за Шпанија? Тилеманс се повреди на загревање (ВИДЕО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Шпанија – Белгија 1:1 по првото полувреме на 1/4 финалниот меч во Лос Анџелес. Спектакуларен настап на “Фуријата“ која диктираше, имаше шанси и зицери а поведе со голот на Руиз во

Израелците ликвидираа командант на единицата Нухба, елитен одред на Хамас (Вознемирувачко видео)

Израелците соопштија дека командантот на елитната единица Нухба на Хамас, Јахја Саид Мохамед Хамдан, бил убиен во нападот, објави „Тајмс оф Израел“. Според ИДФ, Хамдан учествувал во нападот врз базата Реим, каде што
Go toTop