Трио „Аура“ вечерва со концерт на „Охридско лето“

August 13, 2023
1 min read

Музичката програма на 63-тото издание на фестивалот „Охридско лето“ вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ продолжува со концерт на триото „Аура“.

Овој реномиран камерен состав го сочинуваат тројца истакнати македонски музички уметници: флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана Гацева и фаготистот Марјан Милошевски. Темков, Гацева и Милошевски се редовни професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Триото „Аура“ има долгогодишна и богата концертна активност во и надвор од нашата земја. Досега имаат реализирано многубројни рецитали како солисти и камерни музичари во Америка, Франција, Германија, Швајцарија, Белорусија, Австрија, Англија, Бугарија, Азија, Африка, Србија, Словенија за кои добиваат позитивни оценки. Критиката ги нарекува „мајстори на својот инструмент“, а поради забележителните концерти на покана од реномирани меѓународни фестивали како што се: „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Златна лира“, БУНТ Белград, фестивалот во Ниш, Фестивалот „Барски љетопис“, Фестивалот „Еспресиво“ – Цетиње, Фестивалот „Нимус“, фестивалот „Ледамус“, Врање, Ваљево итн, несомнено се вбројуваат меѓу најдобрите и најактивните музички изведувачи во Македонија.

На концертните подиуми во земјата и странство, изведуваат дела од сите музички епохи и стилови. Она што ги одбележува овие тројца уметници е што тие редовно промовираат премиерни дела од македонски композитори, напишани специјално за нивното трио. Според критиката нивното заедничко високо естетско, камерно музицирање го карактеризира: „изразено чувство за експресивност, музичка симбиоза и компактност на звукот и изразот“.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Новата партија нема да соработува со оние кои не се прозападно ориентирани

Следно

Демант од Т.А. Рапсоди Травел

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели
Go toTop