Три од пет претстави се за возраст +16 – Тетово домаќин на Меѓународен театарски фестивал

October 22, 2023
1 min read

реклама


Тетовскиот театар ќе биде домаќин на меѓународниот фестивал. По тригодишна пауза, театарскиот фестивал ќе се врати на сцената со пет претстави. Според директорот на Театарот, пандемијата и не распределбата на средствата од страна на Министерството за култура се причините поради кои овој  меѓународниот театарски фестивал имаше три години пауза.

Ова е осмото издание на фестивалот. Од 2020 до оваа година имавме пауза. Паузата беше за време на пандемијата 2020-21. Во 2022 година немавме доволно наменски средства да го организираме фестивалот, а годинава се враќаме со фестивалот на Тетово. Ќе започне со трупата на театарот од Ѓаковица, со претставата „Ало Ало“. Во вторник ќе го имаме Кумановскиот театар со прикажување „Лет над албанскиот театар“, во среда ќе го имаме „Драмски театар Скопје“ со претстава на македонски јазик. На 26 ноември ќе биде изведена претставата „Скршена жена“ во Експерименталниот театар од Тирана, а на 27 ноември ќе завршиме со Младинскиот театар Скопје со претставата „Крокодили“, вели Беким Исмаили.

реклама

Координаторот на Фестивалот, Музафер Етеми, изјави дека три од претставите кои ќе бидат прикажени пред тетовската публика се со содржина 16+.

Мојата заложба беше насочена кон реализација на фестивалот, а беше малку тешко да се реализира поради малиот буџет што го имаше. Три претстави од овој фестивал се претстави за публика од 16+, како што е монодрамата од Театарот од Тирана, претставата „Лет над албанскиот театар“ и претставата на Младинскиот театар во Скопје се 16+”, вели Музафер Етеми.

реклама

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Општина Тетово.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бесими: ММФ ги покачи очекувањата за раст на македонската економија за годинава

Следно

Вториот конвој со помош влегува во Газа преку египетскиот премин Рафах

Latest from Blog

Проданоски: Жртвата на хероите од Ножот е темел на нашиот непокор и достоинство

По повод 119 години од Битката на Ножот, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за сеќавање на македонските револуционери кои ги положиле своите животи во една од најзначајните битки од

Општина Прилеп ги поканува граѓаните на фудбалска вечер на Камена Бина

Општина Прилеп ги поканува сите љубители на фудбалот вечерва да бидат дел од заедничкото следење на полуфиналниот натпревар помеѓу репрезентациите на Франција и Шпанија. Натпреварот ќе се пренесува на голем екран на

Општина Прилеп: Сè повеќе домаќинства се вклучуваат во селекцијата на отпад, поделени над 500 бесплатни канти

Општина Прилеп продолжува со активностите за воспоставување современ и ефикасен систем за селекција на комуналниот отпад преку проектот „Регионално управување со цврст отпад“, реализиран од Министерството за животна средина и просторно планирање,

ВЛЕН: Изјавата на српската министерка е опасна и неприфатлива

ВЛЕН остро реагираше на изјавата на српската министерка за државна управа и локална самоуправа, Снежана Пауновиќ, која во интервју за српска телевизија изјави дека, доколку тогашниот претседател Слободан Милошевиќ имал целосна слобода

МБИ10 заврши во позитива – над 26 милиони денари промет на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 14.07.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.156,14 поени. Во
Go toTop