Транснационалени вмрежувачки настан посветен на можностите на програмата „Креативна Европа“-потпрограма Култура

December 5, 2023
1 min read

Со дискусија посветена на „Европската димензија и одржливоста на европските престолнини на културата (ЕПК 2028)“ на 6 декември (среда) во Музејот на македонската борба за самостојност во 10:30 часот, започнува дводневниот Транснационалени вмрежувачки настан посветен на можностите на програмата „Креативна Европа“-потпрограма Култура.

Претставници од градот Скопје и францускиот град Руан кои се во фаза на назначување за Европски престолнини на културата (ЕПК) за 2028 година, се поканети да ги споделат искуствата на оваа тема. Истовремено,  ќе биде промовиран  проектот „CreArt“  кој партнерски го спроведуваат овие два града и придобивките од Програмата Креативна Европа (Култура) на Европската Унија, а со цел да се охрабрат организациите од културните и креативните сектори во нашата држава да земат активно учество во оваа програма на Европската Унија  и да ја дадат својата поддршка во претставувањето на Скопје и Руан како европски престолини на културата во 2028 година.

Претставниците на Канцелариите на Креативна Европа (Култура) од Белгија, Германија, Словенија, Албанија, Црна Гора, Србија, Грузија и од Македонија, на работилниците на 6 и 7 декември, во Музејот на македонската борба и во Порта Македонија, ќе ги претстават можностите на Програмата „Креативна Европа Потпрограма Култура“ за 2024 година, како единствен  инструмент на Европската Унија наменет за поддршка на европската културна соработка изразена преку културното творештво и обединување на различностите.

Професионалците ќе го претстават спектарот на можности за финансирање за 2024 година и ќе ги споделат искуствата и предизвиците  поврзани со спроведувањето на Програмата во нивните матични земји. Посебно внимание ќе се посвети на тековниот повик за „Проекти за европска соработка“ за 2024 година, за кој ќе бидат споделени и совети за подготовка на успешни апликации со европска димензија.

Организирањето на овие работилници е во контекст на заложбите на Министерството за култура за олеснување на пристапот на што поголем број корисници од културните и креативните сектори во новата програма на Европската Унија.

Дводневниот транснационален настан е во организација на Министерството за култура и Канцеларијата за Креативна Европа (Култура), во соработка со партнерите и соработници: Градот Скопје (ЕПК 2028),Градот Руан, Франција (ЕПК 2028) и Канцелариите на Креативна Европа (Култура)од земјите членки на Европската Унија (Белгија, Германија, Словенија), земјите од Западен Балкан (Албанија, ЦрнаГора, Србија) и земјите од источното соседство на Европската Унија (Грузија).

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Мицкоски ќе го предводи Републичкиот изборен штаб за следните избори

Следно

Во Турција е уапсен Љупчо Палевски Палчо

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop