Несреќата се случила околу 11 часот во дворот од нивната куќа во Горњи Карајзовци. Момчето веднаш било пренесено на ургентната клиника во Нова Топола, но за жал лекарите можеле само да констатираат смрт.

„Малолетно дете загинало во дворот на семејната куќа поради движење на камионот мерцедес управуван од 39-годишен маж“, соопшти Окружното јавно обвинителство во Бања Лука, пишува АТВ.

Оттаму додаваат дека истрагата на лице место ја извршиле полициски службеници од СВ Градишка и окружниот јавен обвинител Билјана Јанковиќ, кои наредиле да се преземат сите истражни мерки и дејствија за утврдување на околностите под кои починало момчето.

Наредена е обдукција на телото, која ќе се изврши во Институтот за судска медицина на Република Српска, наведуваат во ОЈТ Бањалука.