Тошковски: Опозицијата да работи во интерес на граѓаните, да критикува аргументирано

August 30, 2024
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од Охрид ја повика опозицијата, како што рече, „да ја работи работата за која што зема плата во рамки на Собранието особено пратениците таму, да е во насока на она кое што го подразбира едно нормално општество, а тоа е да имаме опозиција која што ќе биде коректор на власта, да имаме една опозиција која што аргументирано ќе критикува, која што со аргументи ќе се обиде да му помогне на македонскиот народ“.

Тошковски кој беше во работна посета на СВР-Охрид, одговарајќи на прашања на новинарите, посочи дека таква опозиција ќе биде додадена вредност на Македонија.

– За жал, за оваа опозиција не можам да го кажам истото. Македонскиот народ е тој кој што суди, македонскиот народ е тој кој што ја даде довербата пред два месеци и сигурен сум дека ќе ја повтори довербата за четири години од сег“, рече тој одговарајќи на критиките од опозицијата упатени кон него и неговиот ангажман како прв човек во МВР.

Тој истовремено посочи дека повиците за поднесување оставка на функцијата се на поединци од опозицијата, како што рече, „три-четворица кои и самите самите не си веруваат“.

– Еве, прашајте ги и сите повисоки функционери во рамки на опозицијата мислам дека и самите не веруваат дека ова што го прават е сериозно. Но, тие решиле јас да бидам тема заради која што ќе бидат присутни во медиумите, тие ќе си зборуваат, ние ќе си работиме, рече Тошковски

По однос изјавите на премиерот и на министерот за трнаспорт и врски за наводен обид за поткуп по однос тендерот за изградбата на пругата кон Република Бугарија и дали до полицијата било пријавено незаконито дејствие, тој истакна дека МВР постапува по многу голем број на поврзани со корупција и криминал, особено финансиски криминал.

– Особено финансиски криминал со кој бил краден македонскиот народ, односно на штета на буџетот на Република Македонија. Ќе најавам, еве, во иднина мора да ги зајакнеме човечките ресурси во рамки на Министерството и тоа особено во делот на работењето на организиран криминал и борба против корупција заради тоа што очигледно е ова кое што се случувало во изминативе шест, седум па и повеќе години било катаклизмично. Така што работиме, постапуваме, јавноста ќе биде известена во оној момент кога ќе имаме конкретни информации кои ќе можеме да ги споделиме, рече Тошковски.

Тој денеска беше во работна посета на СВР – Охрид, каде оствари средби со службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ , а се сретна и со припадниците од МВР на Република Србија кои беа дел од мешаните полициски патроли што изминатите денови спроведуваа заеднички патроли на подрачјето на Охрид.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Инфлацијата во еврозоната забавила во август

Следно

Израелската Армија тврди дека го убила лидерот на Хамас во Џенин

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop