Израелската Армија тврди дека го убила лидерот на Хамас во Џенин

August 30, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелската Армија денес тврди дека убила водач на Хамас на северниот окупиран Западен Брег, јавува Анадолу.

Армијата соопшти дека нејзините сили го погодиле возилото во кое е убиен Васем Хазем, лидерот на мрежата на Хамас во Џенин, на северниот окупиран Западен Брег.

Се додава дека израелските сили убиле уште двајца Палестинци, Мисбах ал-Машарка и Арафат Амр, кои биле во возилото.

Засега нема коментар од Хамас за израелските тврдења.

Израелската Армија денес ја продолжи воената офанзива во градот Џенин и нејзиниот бегалски камп на северот на Западниот Брег трет ден по ред.

Израелската Армија во средата ја започна најголемата воена офанзива од 2002 година во градовите Тулкарм и Џенин, како и во бегалскиот камп Ал Фара кај Тубас, при што според палестинските податоци загинаа 16 Палестинци.

Тензиите се зголемени низ окупираниот Западен Брег поради бруталната израелска офанзива на Појасот Газа, во која загинаа повеќе од 40.600 Палестинци, главно жени и деца, од 7 октомври минатата година.

Најмалку 670 Палестинци оттогаш се убиени, речиси 5.400 други се повредени и над 10.300 уапсени на окупираната територија, според палестинските податоци.

Меѓународниот суд на правдата на 19 јули ја прогласи повеќедецениската окупација на Палестина од страна на Израел за незаконска и побара евакуација на сите населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Тошковски: Опозицијата да работи во интерес на граѓаните, да критикува аргументирано

Следно

Дарко Соколов го засили КК Гостивар

Latest from Blog

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор
Go toTop