Тони Коњановски најави три клучни проекти за Битола: безбедност, мобилност и ефикасен превоз

October 8, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Тони Коњановски, ги презентираше трите главни приоритети од својот план: изградба на нова противпожарна станица, пакет сообраќајни интервенции на критични точки и целосна реформа на јавниот градски превоз.

Во делот на безбедноста, Коњановски најави нова противпожарна станица со современа опрема и подобрена логистика.

„Безбедноста е предуслов за развој. Со новата станица обезбедуваме побрза интервенција и подобра заштита на луѓето и имотот,“ изјави тој, најавувајќи јавно објавени рокови и буџетска рамка за реализација.

 

Како втор приоритет, кандидатот го издвои пакетот сообраќајни мерки, кој опфаќа реконструкција на главните пристапи кон градот, уредување раскрсници со зголемена фреквенција, подобрена сигнализација и побезбедни рути за пешаци и велосипедисти.

„Ги решаваме тесните грла и небезбедните точки. Целта е побрз проток, помалку метеж и повеќе безбедност за сите учесници во сообраќајот,“ рече Коњановски.

Третиот столб како што напомена Коњановски е реформа на јавниот превоз. Планот предвидува оптимизација на линиите, обновување и набавка на возила со пониски емисии и дигитални услуги,електронска наплата и мобилна апликација за следење рути во реално време.

„Јавниот превоз мора да биде предвидлив и удобен.Автобусите да пристигнуваат навреме, линиите да ги покриваат сите квартови, а билетот да се купува за неколку секунди со телефон“. Предвидено е и уредување на постојки со осветлување, информативни табли и подобрена пристапност за лица со попреченост. Со новиот возен ред и дигитални алатки, граѓаните точно ќе знаат кога пристигнува автобусот,“ додаде Коњановски.

Коњановски додаде дека реализацијата ќе се спроведува транспарентно, со редовни извештаи за напредок и консултации со стручната јавност и локалната заедница.

„Ова се проекти со мерливи резултати. Посигурен град, пофункционален сообраќај и достоен јавен превоз. Битола ќе ја почувствува разликата,“ порача Коњановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од 1 јануари Србија ќе воведе национален данок на CO2

Следно

Славески: Финансиската едукација и дигиталната писменост се неопходни во услови на зголемени ризици и дигитализација

Latest from Blog

Гласнер и лут и бесен: Главните луѓе во клубот ме „продадоа“

Менаџерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер вели дека се чувствува „напуштен“ од страна на високите раководни структури во клубот поради неодамнешната продажба на клучните играчи на клубот. Менаџерот на „Орлите“ даде бомбастично

Ја славиме Преподобната мајка Синклитикија која по потекло била од Македонија

Преподобната мајка Синклитикија По потекло од Македонија. Воспитана во Александрија. Како богата и угледна девојка многумина ја бараа за брак, но таа сите ги одби и побегна од домот на нејзините родители

ТикТокерка опседната со шоубиз брачен пар, по неколку дена доби „скапо плико“

Целиот случај брзо стана медиумска приказна што привлече огромно внимание од јавноста и социјалните медиуми. Правната постапка беше поттикната од серија видеа на TikTok во кои инфлуенсерката Џули Тајс тврдеше дека бракот

Јуве шокиран на Сардинија, Каљари слави

Во 21-то коло од италијанската Серија А, тимот на Јувентус доживеа пораз на гостувањето кај Каљари, со 1:0 (0:0). Одлучувачкиот момент на мечот беше 65-тата минута кога Лука Мацители го постигна голот
Go toTop