Белата куќа: Нема закана од Иран за напади на американска територија, натписите на ABC се лажни

March 12, 2026
1 min read

Реакцијава доаѓа откако ABC News објави дека ФБИ ги предупредило полициските одделенија во Калифорнија за можна иранска одмазда за американско-израелските напади врз Иран. Според извештајот, Иран наводно би можел да се обиде да изврши напади со беспилотни летала врз Западниот брег на Соединетите Американски Држави.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, остро ги негираше обвинувањата и рече дека не постои таква закана.

Ливит: „ABC News шири лажни информации“

„Овој извештај и целата сторија треба веднаш да се повлечат бидејќи ABC News шири лажни информации за намерно да ја вознемири американската јавност“, напиша Ливит.

Таа додаде дека текстот е базиран на е-пошта испратена до локалните полициски одделенија во Калифорнија, во која се споменува непотврдена трага.

„Пораката јасно наведува дека ова се непотврдени разузнавачки информации, но ABC News го изостави тој клучен дел од информацијата од својата сторија. Зошто?“, напиша таа.

Ливит нагласи дека нема закана за американска територија.

„Да бидеме апсолутно јасни: нема закана од Иран за нашата територија и никогаш не постоела“, рече таа.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Нашиот фокус е консолидирање и економски раст на државата, како и на редовни парламентарни избори во 2028 година

Следно

U raportua e zhdukur, 50-vjeçarja gjendet e vdekur në Lumin Vardar në Shkup

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop