Мицкоски: Нашиот фокус е консолидирање и економски раст на државата, како и на редовни парламентарни избори во 2028 година

March 12, 2026
2 mins read

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва порача дека фокусот на Владата е на консолидирањето и економскиот раст, како и на редовни парламентарни избори, кои ќе се одржат во 2028 година.

Мицкоски во интервју за Ора24.тв. на прашањето дали ќе има предвремени избори, нешто што опозицијата го споменува во повеќе наврати, нагласи дека приоритет на Владата се реформите и нивно испорачување за граѓаните.

– Граѓаните, меѓународната заедница и ние во Владата сме фокусирани на реформи и испорака за граѓаните. Тоа претставува наш приоритет. Фројд кога работи во опозицијата е повеќе од страв и сега тие тоа повеќе го артикулураат од страв дека знаат каков дебакл ќе доживаат и на следните парламентарни избори, дека ќе изгубат и сметам дека на следните избори ќе имаат и полош резултат од тој што го имаа во 2024 година, кој што беше историски најнизок резултат, кој што потоа го потврдија на локалните избори. Оваа година, нашиот фокус е во консолидирање и економски раст на државата. Иако имаме многу предизвици, зборувавме на почетокот, ние сме само тука фокусирани и концентрирани и се фокусираме на редовни парламентарни избори што ќе се случат во 2028 година, истакна Мицкоски.

Тој нагласи дека ќе сторат се што е нивна моќ за да ја одржат кохезијата во рамки на Владата, нагласувајќи дека имаат мнозинство, дека Владата е стабилна и имаат 61 пратеник во Парламентот.

Реконструкција на Владата најави за мај-јуни, нагласувајќи дека во моментот е фокусиран на партиската структура и доекипирањето, кое треба да се направи и кое очекува да заврши до крајот на април.

На прашањето дали има политичка партија, која чека да влезе во Владата, без разлика дали станува збор за ДУИ, Алијанса на Албанците на Зијадин Села, на Арбен Таравари, Мицкоски одговори дека имаат исклучително квалитетни односи во рамки на владината коалиција и оти во овој момент не се заинтересирани за промена на нејзината структура.

Мицкоски рече дека тој не може да говори во име на некој друг дали е заинтересиран и нагласи дека тој може да даде оценка за состојбата во коалицијата, како претседател на најголемата политичка партија во неа.

Во однос на последните случувања во ВРЕДИ со изразите на незадоволство кај министерот Фатмир Лимани, па потоа кај вицепремиерот Арбен Фетаи, Мицкоски одговори дека неговиот личен став е познат, а тоа е дека обединувањето во еден политички субјект ќе генерира стабилност во рамки на ВРЕДИ, но додаде дека во рамки на владината коалиција имаат исклучително коректна соработка, нагласувајќи дека не сака да ги коментира ставовите кои се артикулират преку социјалните медиуми.

За случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби и дали од него се добиени информации за евентуални нелегални активности и кој повеќе треба да се плаши од него – СДСМ, ДУИ, ВРЕДИ, Мицкоски рече дека треба да му се даде време на времето, но и дека смета дека листата е долга.

– Во интерес на истрагата и тие информации што ги имам, не би сакал премногу длабоко да навлегувам во чувствата на поединечни сегашни и поранешни политичари, но не треба никој да се плаши ако не направил нешто спротивно на законот. А треба да се плашат сите оние, кои што направиле нешто спротивно на закон, без разлика на кој политички дрес му припаѓаат, нагласи Мицкоски.

Во однос на обвинувањата од опозицијата за мигрантите, Мицкоски истакна дека нема покредибилен извор од амбасадорот на Обединетото Кралство, кој, како што рече, самиот кажал дека ниту имало, ниту има, ниту ќе има преговори на тема мигранти од Обединетото Кралство кои би биле прифатени тука.

– За да не бидам погрешно сфатен, не само што нема да има мигрантски кампови, туку нема да има никаква опција и во однос на тие што ги нарекуваат „failed asylum seekers“, односно неуспешни апликанти за азил. Нека најдат еден таков случај, тогаш ќе излеземе јавно и ќе се извиниме. Но нема поголема кредибилност од самиот амбасадор, кој јасно рече дека такво нешто нема, нагласи Мицкоски. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Малиновски: Државниот јавен обвинител треба да се бира со двотретинско мнозинство, но ниту една власт досега не посегнала по таква интервенција

Следно

Белата куќа: Нема закана од Иран за напади на американска територија, натписите на ABC се лажни

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop