Славески: Финансиската едукација и дигиталната писменост се неопходни во услови на зголемени ризици и дигитализација

October 8, 2025
1 min read

Во услови на зголемени економски ризици и брза дигитализација, финансиската едукација и дигиталната писменост се неопходни за користење на предностите од финансиските услуги и за обезбедување сеопфатен раст, рече гувернерот на Народната банка Трајко Славески на годишниот состанок на регионалниот проект за техничка помош во областа на финансиската едукација, поддржан од ОЕЦД и Министерството за финансии на Холандија, што се одржува во Сараево.

Како што истакна Славески, во време кога инфлацијата расте и кога има зголемени каматни стапки и широка достапност на дигиталните финансиски услуги, се јавува нужна потреба од јакнење на финансиската и дигиталната писменост.

-Дигитализацијата носи нови можности, како поефикасни и поевтини финансиски услуги, но истовремено создава и нови ризици – од онлајн измами, прекумерно задолжување, до загрозување на личните податоци, порача гувернерот.

Тој зборуваше на панел-дискусијата на тема „Унапредување на финансиската едукација за посилен раст“, на која учествуваа гувенерите на централните банки на Босна и Херцеговина и Молдавија, заменик-гувернерката на Грузија и вицегувернерот на Хрватска. Разговорот беше насочен кон улогата на финансиската едукација во зајакнувањето на економскиот раст, како и во справувањето со новите ризици предизвикани од дигитализацијата на финансиските услуги.

Славески нагласи дека посебно внимание треба да им се посвети на младите и на потрошувачите со ограничено финансиско искуство.

-Зголемувањето на финансиската и дигиталната писменост е од огромна важност за граѓаните и за претприемачите за да можат да ги препознаат придобивките, но и ризиците од новите дигитални финансиски производи и услуги. Само така можеме да ја искористиме дигитализацијата како алатка за поголема вклученост и стабилен економски раст, додаде Славески.

Во рамки на зголемувањето на вклученоста, Народната банка ги спроведува и активностите на иницијативата „Кодекс за финансирање на жените претприемачи“ (WeFi Code), како национален координатор, заради намалување на родовиот јаз во пристапот до финансии и поддршка на женското претприемаштво. Во оваа иницијатива, покрај Народната банка, се вклучени 18 институции од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, меѓу кои шест банки и две штедилници. Народната банка со своето учество ја потврди својата заложба за унапредување на финансиската едукација, дигиталната писменост и вклученоста, во услови на брзи економски и технолошки промени.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тони Коњановски најави три клучни проекти за Битола: безбедност, мобилност и ефикасен превоз

Следно

Министерот за спорт го означи стартот на школското пливачко првенство во Куманово

Latest from Blog

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот на плажите

Уредувањето и користењето на охридските плажи на Општина Охрид и на ЈП „Охридски комуналец“ им носи вкупен годишен приход од приближно 700.000 евра, средства кои, според локалната самоуправа, одиграле клучна улога во
Go toTop