Тони Коњановски најави три клучни проекти за Битола: безбедност, мобилност и ефикасен превоз

October 8, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Тони Коњановски, ги презентираше трите главни приоритети од својот план: изградба на нова противпожарна станица, пакет сообраќајни интервенции на критични точки и целосна реформа на јавниот градски превоз.

Во делот на безбедноста, Коњановски најави нова противпожарна станица со современа опрема и подобрена логистика.

„Безбедноста е предуслов за развој. Со новата станица обезбедуваме побрза интервенција и подобра заштита на луѓето и имотот,“ изјави тој, најавувајќи јавно објавени рокови и буџетска рамка за реализација.

 

Како втор приоритет, кандидатот го издвои пакетот сообраќајни мерки, кој опфаќа реконструкција на главните пристапи кон градот, уредување раскрсници со зголемена фреквенција, подобрена сигнализација и побезбедни рути за пешаци и велосипедисти.

„Ги решаваме тесните грла и небезбедните точки. Целта е побрз проток, помалку метеж и повеќе безбедност за сите учесници во сообраќајот,“ рече Коњановски.

Третиот столб како што напомена Коњановски е реформа на јавниот превоз. Планот предвидува оптимизација на линиите, обновување и набавка на возила со пониски емисии и дигитални услуги,електронска наплата и мобилна апликација за следење рути во реално време.

„Јавниот превоз мора да биде предвидлив и удобен.Автобусите да пристигнуваат навреме, линиите да ги покриваат сите квартови, а билетот да се купува за неколку секунди со телефон“. Предвидено е и уредување на постојки со осветлување, информативни табли и подобрена пристапност за лица со попреченост. Со новиот возен ред и дигитални алатки, граѓаните точно ќе знаат кога пристигнува автобусот,“ додаде Коњановски.

Коњановски додаде дека реализацијата ќе се спроведува транспарентно, со редовни извештаи за напредок и консултации со стручната јавност и локалната заедница.

„Ова се проекти со мерливи резултати. Посигурен град, пофункционален сообраќај и достоен јавен превоз. Битола ќе ја почувствува разликата,“ порача Коњановски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од 1 јануари Србија ќе воведе национален данок на CO2

Следно

Славески: Финансиската едукација и дигиталната писменост се неопходни во услови на зголемени ризици и дигитализација

Latest from Blog

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една
Go toTop