Тодоровиќ не е повеќе во куќен притвор – со измените на КЗ, делото наместо во 2043, му застарува оваа година

September 20, 2023
1 min read

реклама



Поранешниот градоначалник на скопски Центар, Владимир Тодоровиќ е првиот што ги почувствува поволностите што ги донесоа новите промени на Кривичниот законик, објави „Призма“.

Тој, во јуни беше осомничен во истрагата „Феникс“ дека како функционер ја злоупотребил службената положба и овластување за проектот „Скопје 2014“. Оттогаш до минатиот петок беше во куќен притвор.

реклама

По предлог на обвинителот, судот му го укина ова ограничување на слободата. Причината за тоа е што делото за кое беше осомничен, според овие измени што стапија во сила на 15 септември, му застарува годинава.

Истрагата за него сѐ уште не е запрена, но, според најновите законски измени, извесно е дека тоа ќе се случи, бидејќи дејствијата ги сторил до 2013, па наместо во 2043, делото целосно му застарува годинава.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанската опозиција ја отфрли идејата на Ахмети – Муртезани: Ќе настапиме со посебна листа

Следно

Мицкоски до Груевски: Не би сакал никогаш да им правам на луѓето тоа што не сакам луѓето мене да ми прават

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop