ТОА Е ПРОКЛЕТО МЕСТО НА КОЕ ЗАГИНАЛЕ МНОГУ ЛУЃЕ – познати последните зборови на машиновозачот, шефот на станицата тврди дека потфрлил системот!

March 1, 2023
1 min read

Истрагата треба да ја утврди точната причина за страшниот судир на два воза кај градот Лариса во Грција, за кој се верува дека е човечка грешка.

Новите информации фрлаат светло врз околностите околу фаталниот судир меѓу возот 62 и товарниот воз 63503.

Според последните информации од истрагата која е во тек, се чини дека до несреќата дошло поради погрешно ракување на шефот на станицата Лариса, кој на делницата „Лариса – Евангелизам“ го насочил патничкиот воз на пругата на која бил и товарниот воз. Треба да се напомене дека целата должина на пругата што ја поврзува Атина со Солун е двојна.

Во истите информации се споменува дека фаталната, како што се испостави, наредба на стационарецот во Лариса до патничкиот воз 62 била „помини преку излезното црвено светло до влезот во Неос Порос (т.е. следната станица по Лариса)“.

Шефот на станицата, кој беше уапсен во Лариса, наводно на полицијата и рекол дека тој дал наредба за промена на патеката, но системот не ја извршил.

На местото на настанот излезе обвинител кој ќе спроведе истрага за прекршоци за безбедност во сообраќајот со смртен исход, пренесува Екатимерини.

За ова дело е предвидена казна затвор од 10 години до доживотен затвор.

Според надлежни извори, ако шефот на станицата сфатил дека патничкиот воз се движел по иста линија како и товарниот, ќе наредел и двата воза да застанат пред да се приближат.

Во секој случај, се очекува транскрипт од можниот разговор меѓу шефот и машиновозачот.

Од компанијата „Хеленик Трејн“ се уште немаат одговорено на прашањето како дошло до оваа катастрофална грешка која довела до најмалку 38 жртви.

Очевидци од патничкиот воз рекоа дека возот доцнел, а возачите биле загрижени поради конфузијата на шините.

„Доцни 20 минути, половина час, па возачот ни кажува еден час и потоа вели дека има забуна на линиите“, рече еден патник.

Друго сведоштво од кобниот воз наведува дека по застанувањето, а пред судирот, машиновозачот преку радио рекол „Одиме, па ќе видиме каде ќе не’ одведе“

Грчкиот новинар Јанис Колатос од Лариса изјавил дека Темпи е место каде често се случуваат несреќи.

Порано во автобуска несреќа загинаа 15 млади кои се враќале од годишен одмор. Следуваше уште една сообраќајна несреќа во која загинаа 15 навивачи на Паок од Солун.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Тренчевска за деветмесечното бебе со туберкулоза: Не се работи за занемарување на дете

Следно

Мурињо суспендиран два натпревара, а треба да плати и парична казна

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop