Мурињо суспендиран два натпревара, а треба да плати и парична казна

March 1, 2023
1 min read

Суспензија од два натпревари и парична казна во износ од 10.000 евра му изрече Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ) на тренерот на Рома, Жозе Мурињо, за исклучувањето на вчерашниот натпревар од 24. коло во Серија А против Кремонезе, јавија попладнево локалните медиуми.

Мурињо на почетокот на второто полувреме доби црвен картон поради вербална расправија со четвртиот судија Марко Сера.

Мурињо бурно реагираше по еден дуел на теренот меѓу фудбалерот на Рома, Мараш Кумбула, со противнички играч. Португалскиот стратег побара објаснување од Сера, кој, како што објавија медиуми, му одговорил „да си ја гледа својата работа“, по што Мурињо вербално му возврати, а потоа главниот арбитер му покажа црвен картон.

Последнопласираниот тим на табелата Кремонезе ја совлада Рома со 2:1 со што ја запиша првата победа сезонава во Серија А. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ТОА Е ПРОКЛЕТО МЕСТО НА КОЕ ЗАГИНАЛЕ МНОГУ ЛУЃЕ – познати последните зборови на машиновозачот, шефот на станицата тврди дека потфрлил системот!

Следно

Инфлацијата не ѝ може ништо на Швајцарија

Latest from Blog

Меџити: Пешачки и велосипедски патеки за поголема мобилност на „Ферид Мурад“

Работите на улицата „Ферид Мурад“ продолжуваат со стабилна динамика, а проектот добива јасна форма на терен, кои денес одблизу ги проследи градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити. Досега се поставени и

Страмер: Уморен сум од влијанието на Трамп и на Путин врз трошоците за енергијата во мојата држава

Стармер, во интервју за Ај-Ти-Ви, рече дека порастот и падот на цените на енергенсите зависат од постапките на лидери како што се американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. „Уморен

27.000 лица одбиени на влез во ЕУ поради нов систем за гранична контрола

Од моментот кога минатата година во октомври започна постепеното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија, на повеќе од 27.000 лица им е ускратен влез во блокот, информираше денеска
Go toTop