Тикток препорачува порносодржини на детски профили

October 3, 2025
1 min read

Алгоритамот на Тикток препорачува порнографија и високо сексуализирана содржина на детските профили. Тоа се наведува во новиот извештај на истражувачите од групата за кампањата „Глобален сведок“ (Global Witness) за човекови права.

Како што објави Би-би-си, истражувачите кон крајот на јули и почетокот на август оваа година создале лажни профили, преправајќи се дека се 13-годишници и ги активирале безбедносните поставки. Тие користеле лажни датуми на раѓање и не било побарано да дадат никакви други податоци за да го потврдат својот идентитет. И, сепак, добивале предлози за пребарување, коишто сами по себе пренасочувале кон сексуализирани материјали, на пример, експлицитни видеа со вистински секс. Испитувачите наидоа на овој проблем додека спроведувале други истражувања.

Платформата за видеа извести дека е посветена на безбедноста и искуства – соодветни за возраста, па презеле итни мерки откако дознале за проблемот, велат оттаму.

Ава Ли од „Глобал витнес“ рече дека наодите се „огромен шок“ за истражувачите. – Тикток не само што не успева да ги спречи децата да пристапат до несоодветна содржина – туку им ја предлага веднаш штом ќе креираат профил, вели таа.

Испитувачите, велат, го вклучиле и „ограничениот режим“ на платформата, за којшто Тикток, се тврди, спречува корисниците да гледаат „возрасни или сложени теми“, како што е сексуално сугестивната содржина.

„Глобал витнес“ е кампања којашто вообичаено истражува како современата технологија влијае на дискусиите за човековите права, демократијата и климатските промени. Без да направат никакви пребарувања сами, истражувачите открија дека претерано сексуализирани термини за пребарување се препорачуваат во делот „Можеби ќе ви се допадне“ на апликацијата. Овие пребарувања доведоа до снимки со жени кои симулираат мастурбација. Натаму, други видеа прикажуваа жени кои ја покажуваат својата долна облека на јавни места или ги откриваат своите гради, како и експлицитни порнофилмови со пенетративен секс.

Истражувачите го информираа Тикток, којшто возврати дека презел итни мерки за решавање на проблемот.

„Има повеќе од 50 функции дизајнирани да ги заштитат тинејџерите. Целосно сме посветени на обезбедување безбедни искуства соодветни на возраста“, соопшти компанијата.

Тие посочуваат дека се отстрануваат девет од 10 видеа што ги прекршуваат прописите пред да бидат пуштени за преглед.

На 25 јули оваа година, стапија во сила Детските кодекси од Законот за кибербезбедност, наметнувајќи законска обврска за заштита на децата во дигиталниот свет. Платформите сега мора да користат „високо ефикасна гаранција за возраста“ за да спречат пристап на децата до порнографија. Тие, исто така, мора да ги прилагодат своите алгоритми за да блокираат содржина што поттикнува самоповредување, самоубиство или нарушувања во исхраната.

– Сите се согласуваат дека треба да ги заштитиме децата онлајн… Сега е време регулаторите да се вмешаат, рече Ава Ли.

Истражувачите спровеле два истражувачки проекта – пред и откако Детските кодекси стапија во сила. Откако по вторпат бевме информирани за пропустите, презедовме „мерки за отстранување содржина што ги крши нашите политики, како и за подобрувања на нашата функција за предлози за пребарување“, соопштија од компанијата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меморандум за соработка во интерес на ефикасна правда

Следно

Ѓорѓиевски: Заедно со младите кон подобро Скопје

Latest from Blog

Европската агенда во прв план на разговорите меѓу Сали и Рокас

Министерот за европски прашања Беким Сали оствари средба со амбасадорот на Европска Унија, Михалис Рокас, на која ја истакна јасната и недвосмислена посветеност на Владата кон процесот на европска интеграција. На средбата,

Професии кои ќе исчезнат до 2030 година – дали и вашата е меѓу нив?

Вештачката интелигенција одамна не е поим од научнофантастични филмови, туку економска реалност која го преобликува пазарот на труд побрзо од која било технолошка револуција досега. Додека едни во неа гледаат можност за

Андоновски: Новиот проект е-сандаче ќе врши достава на сите потребни информации до граѓаните

„Сега, три месеци пред истекот на вашата лична карта, ние автоматски ви испраќаме на вашето сандаче (а информацијата стигнува и на вашата имејл-адреса) дека ви истекува личната карта за одредено време и

Парамаунт го тужи Ворнер Брос поради договорот со Нетфликс

Парамаунт бара Ворнер Брос да објави дополнителни информации за акционерите да можат да донесат „информирана одлука“. Според наводите во тужбата, Ворнер Брос не го објаснил соодветно начинот на кој ја проценува вредноста
Go toTop