Ѓорѓиевски: Заедно со младите кон подобро Скопје

October 3, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во општина Чаир се сретна со младите и идните советници на општината, во рамките на средби кои имаат за цел директно слушање на нивните идеи и предлози за подобрување на локалната средина.

Ѓорѓиевски истакна дека ваквите разговори се од исклучително значење, бидејќи од прво лице може да се согледа што недостига и каде треба да се насочи вниманието на градските проекти. Тој додаде дека младите ќе добијат посебно место во неговата програма за Скопје и дека приоритет е создавање услови за нив да останат во својот град и да градат иднина дома.

„Овие средби ни овозможуваат да слушнеме конкретни предлози што заедно со поддршка од градот ќе ги реализираме. Скопје го правиме заедно, за сите генерации,“ нагласи Ѓорѓиевски.

Средбите се дел од неговата стратегија за активно вклучување на младите во локалната политика и создавање рамки за развој на општините во градот.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тикток препорачува порносодржини на детски профили

Следно

Една од жртвите во Манчестер по грешка била убиена од полицијата

Latest from Blog

Израел бесен поради Нобеловата награда за мир: „Јозеф Гебелс аплаудира од пеколот“

„Кога би постоела награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилај не само што би била кандидат, туку би била и главен фаворит“, напиша израелското Министерство за надворешни работи на платформата
Go toTop