Телефонски разговор меѓу Зеленски и Ѓинпинг – прв од почетокот на руската агресија врз Украина  

April 26, 2023
2 mins read

Украинскиот претседател во објава на Твитер за разговорот со својот кинески колега соопшти дека бил долг и суштински, велејќи дека верува оти повикот ќе даде моќен поттик за развојот на билатералните односи меѓу двете земји. Кина, како што јавуваат тамошните државни медиуми, ќе испрати специјални претставници во Украина и ќе разговара со сите страни за решавање на кризата во Украина. Ова, како што се наведува, му го рекол кинескиот претседател на својот украински колега во разговорот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека имал „долг и суштински“ телефонски разговор со својот кинески колега Си Ѓинпинг, јавуваат светските медиуми. Станува збор за прв контакт на двајцата државници од почетокот на агресијата на Русија во Украина.  

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски/Фото: Архива

Информацијата за телефонскиот разговор со кинескиот претседател Зеленски ј соопшти во објава на Твитер, во која вели дека верува оти повикот, заедно со назначувањето на амбасадор во Пекинг ќе даде моќен поттик за развојот на билатералните односи меѓу двете земји.  

„Имав долг и суштински телефонски разговор со претседателот Си Ѓинпинг. Верувам дека овој повик, како и назначувањето на украинскиот амбасадор во Кина, ќе дадат силен поттик за развојот на нашите билатерални односи“,

напиша Зеленски на својот твитер-профил. 

Официјален Пекинг го потврди телефонскиот разговор, посочувајќи дека Кина секогаш стоела на страната на мирот.  

Кина, како што јавуваат тамошните државни медиуми, ќе испрати специјални претставници во Украина и ќе разговара со сите страни за решавање на кризата во Украина. Ова, како што се наведува, му го рекол кинескиот претседател на својот украински колега во разговорот.  

Кинескиот претседател, Си Ѓинпинг/Фото: EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Покрај тоа, според извештајот на кинеската државна телевизија Си-си-ти-ви (CCTV), Ѓинпинг на Зеленски ми рекол дека Кина ќе се фокусира на промовирање мировни разговори и ќе вложи напори за прекин на огнот што е можно поскоро. 

За разлика од Западот, Пекинг се обиде да прикаже неутрален во однос на руската инвазија на Украина. Но, Кина никогаш не ги криеше своите влиски врски со Москва, ниту ја осуди инвазијата, а минатиот месец претседателот Си беше во дводневна посета на Русија, потсетува Би-би-си. 

Подготвеноста да разговара со Зеленски, кинескиот претседател ја најави на почетокот на април.  

Во меѓувреме, украинскиот претседател постојано барање да се сретне со Ѓинпинг, дури и по посетата на кинескиот лидер на Москва.  

Инаку, Кина во февруари годинава објави документ од 12 точки во кој го изрази својот став за конфликтот во Украина и понуди предлози негово надминување.  

Сепак, како што потсетуваат светските агенции, некои дипломати сметаат дека овој документ може да послужи како хуман план кој треба да ги поттикне Москва и Киев да разговараат. 

Инаку, за време на својата посета на Пекинг, на почетокот на април, претседателот на Франција Емануел Макрон на средбата со француската заедница во Пекинг изјави дека Кина има водечка улога во изнаоѓањето начин за постигнување мир во Украина. 

„Кина, со нејзините блиски односи со Русија, кои беа потврдени во последните денови со неодамнешната посета на кинескиот претседател на Москва, може да одигра важна улога во решавањето на конфликтот. Затоа е неопходен дијалог со властите во Пекинг“,

рече Макрон на 5 април.  

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Автопатите ќе чинат над 2 милијарди евра и ќе се градат 10 години, тврди врвот на ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Шкендија го расипа максималниот ефект на домашните екипи во 29. коло на ПМФЛ

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop