Таравари: За прв пат во историјата на Македонија има уапсен за палење на албанското знаме

December 1, 2024
1 min read

Еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН и актуелен министер за здравство, Арбен Таравари, изрази осуда за чинот на палење знамиња, нагласувајќи дека ваквите постапки не треба да се толерираат, без разлика на етничката или националната припадност.

Во изјава за медиумот „ЛАЈМ“, Таравари истакна дека Владата презема конкретни чекори за санкционирање на сите кои го нарушуваат законот. Тој нагласи дека за првпат во Македонија лице е уапсено за палење на албанското знаме, што е јасен сигнал дека нема да има толеранција за вакви инциденти.

„Ова е непријатна ситуација од двете страни. Палењето на знамето, без разлика дали станува збор за етникум, држава или нација, е неприфатливо. Владата испрати јасни пораки до сите. Во Прилеп, за првпат во историјата на Македонија, лице кое го запали албанското знаме е уапсено. Истовремено, и лица кои го запалија државното знаме се лишени од слобода. Ова покажува дека сите мора да ги почитуваме симболите, меѓусебно да се почитуваме и да ги следиме законите“, изјави Таравари.

Тој ги повика граѓаните, без разлика на нивната етничка припадност, да покажат почит и одговорност, бидејќи Владата ќе реагира подеднакво кон сите. „Законот мора да важи за сите“, додаде министерот.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВО ВАКОВ МОМЕНТ МИ Е НЕПРИЈАТНО ШТО СУМ ЖИВ, КАЖА ГОРАН ТРАЈКОСКИ НА ПРОМОЦИЈАТА НА МОНОГРАФИЈАТА ЗА НЕГО

Следно

Просветниот инспекторат утре ќе го посети училиштето во Челопек, Јаневска најави утврдување на одговорност

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop