Просветниот инспекторат утре ќе го посети училиштето во Челопек, Јаневска најави утврдување на одговорност

December 1, 2024
1 min read

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најави дека утре Државниот просветен инспекторат ќе го посети основното училиште „7 Март“ во Челопек за да ја испита одговорноста за организирање на училишна приредба на која учениците биле облечени во униформи со амблеми на неформални воени групации.

Во изјава за МИА, министерката Јаневска истакна дека Инспекторатот ќе утврди која е одговорноста на директорот, наставниците и стручниот тим во училиштето.

– Ќе провериме дали има злоупотреба на деца, дали приредбата е дел од наставниот план и кој го одобрил. Дали има програма за мултикултурализам, зошто наместо соживот и демократија се шири омраза и се промовира милитанство? Зошто не се слават заеднички херои од историјата и војните во кои заедно учествувале двата народи? Зошто не се гради заедништво и не се негува чувството на припадност на државата Македонија која треба да биде заедничка?, посочи министерката.

Таа додаде дека доколку целта била да се шири патриотизам, тогаш требало да има симболи на државата на чија територија се наоѓа училиштето.

Реакцијата на министерката следува по случајот во Челопек, каде што на училишна приредба во ОУ „7 Март“, учениците биле облечени во униформи со амблеми на неформални воени групации и парадирале со пушки во рацете. Настанот предизвика реакции во јавноста, а министерката Јаневска изрази длабоко разочарување и најави поведување постапка против раководството и наставниците на училиштето. Таа истакна дека ваквите активности се педагошки неисправни, нечовечни и казниви по закон.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Таравари: За прв пат во историјата на Македонија има уапсен за палење на албанското знаме

Следно

Сириската национална армија започна операција против терористичката група ПКК/ЈПГ

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop