Таравари откри дека Мицкоски побарал гаранција од Брисел и Вашингтон

April 8, 2025
1 min read

Во вчерашното издание на емисијата „Клик Плус“, претседателот на Алијанса за Албанците и актуелен министер за здравство, Арбен Таравари, говореше на неколку значајни теми поврзани со иднината на Македонија, вклучувајќи го евроинтегративниот процес, уставните измени, како и политичките коалиции меѓу албанските партии.

Таравари изрази задоволство од добрите односи на премиерот Христијан Мицкоски со САД. Сепак, посочи дека Мицкоски бара гаранција од Брисел и Вашингтон дека уставните измени ќе бидат последен услов на овој пат.

„Ако може да се најде решение за таа гаранција, која треба да ја дадат Брисел или Вашингтон… Мицкоски вели: ‘Да ги направиме уставните измени, бидејќи ги имаме бројките, но нивната примена да биде откако ќе станеме членка на ЕУ’“, изјави Таравари, додавајќи дека не станува збор за условување, туку за обид за осигурување на процесот.

Таравари се осврна и на можната консолидација на коалицијата ВЛЕН во една политичка партија. Тој нагласи дека Алијансата за Албанците е подготвена за соработка, особено на локалните избори, но се противи на ултиматуми и инсистира на отворен дијалог.

„Никогаш не сум функционирал со ултиматуми. Ако дојде до иницијатива за обединување, треба да има координација и транспарентен процес“, рече Таравари.

Во контекст на претстојните локални избори, Таравари изрази оптимизам за резултатите во општините Гостивар и Врапчиште. Тој смета дека со поддршка од неколку помали партии, победата е остварлива уште во првиот круг.

Таравари ја опиша коалицијата ВЛЕН како „чудо“ што го донесе обединувањето на албанската опозиција во Македонија.

„Тоа беше комбинацијата што никогаш претходно не се случила – сите опозициски партии да се обединат и да ја донесат промената кај Албанците“, изјави Таравари, потсетувајќи дека тие освоија 107 илјади гласови.

На крај, тој заклучи дека, доколку ДУИ сè уште беше на власт, ситуацијата денес ќе беше многу полоша.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПАРИТЕ ОД ПРОДАЖБАТА НА „ПРОНАЈДЕНОТО ВРЕМЕ“ ОД ПРУСТ ВО ПРЕВОД НА ПРОФЕСОРОТ ЃОРЃИ МАРЈАНОВИЌ ЌЕ СЕ ДОНИРААТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ДЕЦАТА БЕЗ РОДИТЕЛИ

Следно

Гигантскиот крузер „Норвешка прима“ исплови од Њујорк

Latest from Blog

Жртва на Епштајн: Еден ден, масерката ме покани во неговата соба

Жената, идентификувана само како Роза, сведочеше заедно со неколку други жртви на Епштајн на сослушување организирано од демократски конгресмени. Роза рече дека била регрутирана како тинејџерка од Узбекистан од страна на соработникот

ЈКП “Комуналец“ – Прилеп продолжува со уредување на зеленилото во градот

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на

Комуналец – Прилеп: Продолжува обновата на зелените површини

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на

Усвоено: Путин ќе може да нападне која било земја во светот? СО ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ЌЕ ОСЛОБОДУВА РУСИ ПРИВЕДЕНИ ВО СТРАНСТВО

Во среда, рускиот парламент донесе закон со кој му се дозволува на претседателот Владимир Путин да нареди инвазија на странски земји. Според законот, Москва законски ќе може да испраќа војници во странство
Go toTop