СЗО: Газа се соочува со голем ризик од епидемии поради влошувањето на ситуацијата

December 20, 2023
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Светската здравствена организација, повикувајќи на прекин на огнот, предупреди на огромен ризик од епидемии во Газа поради тековните израелски напади.

„Постои огромен ризик од големи епидемии. И ние веќе ги гледаме доказите за тоа“, изјави портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, во интервју за Анадолу, нагласувајќи дека борбите мора да престанат.

„Потребен ни е прекин на огнот“, истакна Харис.

„Ситуацијата дефинитивно се влошува, ја имате комбинацијата од секој фактор што му штети на здравјето на луѓето“, рече таа, истакнувајќи дека времето е студено и влажно и дека 90 отсто од населението е ранливо на тоа. „Тие, исто така, не знаат од каде да се снабдат со доволно храна“, додаде таа.

„Населението не спие. И ова му штети на вашиот имунолошки систем“, истакна Харис и додаде: „Луѓето се преплашени. Тие не знаат што ќе се случи.“

Таа нагласи дека „нема безбедно место“ во Газа и дека луѓето не можат да стигнат ни до болница кога се повредени.

Палестинската Црвена полумесечина не може да обезбеди амбулантни возила на северот, рече портпаролката: „Тоа едноставно не е можно. Така, луѓето што се повредени таму не добиваат медицински услуги.“

Израел го бомбардира Појасот Газа од воздух и од копно, воведе опсада и изврши копнена офанзива како одмазда за прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Досега во израелските напади, според здравствените власти на Газа, загинале најмалку 19.667 Палестинци, а 52.586 се повредени.

Според официјалните податоци, бројот на загинати Израелци во нападот на Хамас на 7 октомври изнесува 1.200, додека над 130 заложници сè уште се држат од палестинската група во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел му предлага на Хамас еднонеделна пауза во замена за 40-ина заложници

Следно

Македонската армија на 108. место во светот за 2023 година

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop