СВР-Битола поднесе кривична пријава против директорот на ЈКП „Водовод“-Битола

December 7, 2023
1 min read

реклама


СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против П.М. (40) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.      

Пријавениот, директор на ЈКП „Водовод“- Битола, ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што потребата од пополнување на систематизираните работни места не ја обезбедил преку јавен оглас, туку со ангажирање работници преку агенција за привремени вработувања  по основ на зголемен обем на работа на определено време. На тој начин тој постапил спротивно од Законот за работни односи и од Законот за вработени во јавен сектор. Во случајот, работните места се испразнети, не се пополнети сите систематизирани, па според тоа не можел да ангажира лица од агенција за привремени вработувања, соопштија од СВР-Битола.

реклама

Во соопштение до јавноста исто така се посочува дека пријавениот, одредени вработени во континуитет ги овластил да извршуваат дополнителни работни задачи подолго од два месеци што е спротивно од Колективниот договор за комунални дејности, по што им исплаќал додаток на плата за работна успешност без притоа да бидат запазени критериумите утврдени во Колективниот договор.

Пријавениот, исто така, несовесно постапил во извршувањето на своите должности и овластувања на тој начин што не обезбедил задолжителен видео надзор и физичко обезбедување во резервоарот на ЈКП „Водовод“ кај местото викано „Овчји Баир“ како објект од категорија која е од витално значење за безбедноста на здравјето и животот на граѓаните согласно Одлука на владата за определување на правни лица кои се должни да имаат приватно обезбедување. Во повеќе наврати за тоа му било укажувано и од страна на вработените во објектот, соопштија од СВР-Битола. 

реклама

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Појасот Газа се убиени 17.177 Палестинци, 46.000 се повредени

Следно

„Демнејќи го Годо“ го напишав во време кога во Европа паѓаа последните диктатури, вели Словенецот Драго Јанчар по чиј текст се подготвува премиерата во Театар Комедија

Latest from Blog

Астон Вила „крена раце“ од Мартинез, ќе го купува Сузуки

фото: Le 12e Analyste @ResiliencePSG (X) Новинарот Екрем Конур денеска објави дека екипата на Астон Вила се подготвува за разделба со аргентинскиот репрезентативен голман Емилијано Мартинез. Според Конур, англискиот клуб засилено работи

„Белата куќа повеќе нема да биде безбедна за Трамп“

Боруџерди нагласи дека одмаздата за атентатот врз поранешниот врховен лидер Али Хамнеи станала „обврска“ за неговите следбеници и „сите слободни луѓе низ целиот свет“. Тој додаде дека Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Локалитетот Куклица се уште е под узурпација: Една жена не ги пушта туристите, се вративме сите и странци и наши

Иако помина еден месец откако јавноста беше информирана дека татко и ќерка од Кратово го узурпирале заштитеното подрачје Куклица, и незаконски наплаќале влез на посетители, проблемот се уште не е надминат, бидејќи

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува
Go toTop