Странските инвеститори кои работат во ТИРЗ ќе плаќаат 15 отсто глобален данок или дополнителни пет отсто данок на добивка

December 16, 2024
1 min read

На денешниот состанокот на Советот на странски инвеститори во Владата било разговарано за глобалнито данок, при што било потенцирано дека Странските инвеститори кои работат во ТИРЗ ќе плаќаат 15 отсто глобален данок или дополнителни пет отсто данок на добивка. Обврска ја имаат фирмите со глобален обрт од 750 милиони евра, обрт во земјава од 10 милиони евра и профит од еден милион евра. Ваквата мерка е и дел од законските измени кои се во собраниска процедура. Оваа обврска ја имаат фирмите со глобален обрт од 750 милиони евра, обрт во земјава од 10 милиони евра и профит од еден милион евра.

Според претседателот на Советот Виктор Мизо, тие ќе афектираат 50 компании во земјава.

„Ако компаниите во ТИРЗ подлежат на глобалниот минимален данок, тогаш ќе треба да го плаќаат целиот тој данок тука, но тоа го добиле како договор со државата при влезот тука. Таа државна помош е по сите правила и прописи на ЕУ и ќе претрпи трансформација во друг вид помош зашто не ќе може да се добиваат корпоративен данок и такви олеснувања, но ќе опспои друг вид даночен кредит кој ќе биде од иста или слична форма и вредност“, рече Мизо.

Според него, царинските ослободувања во зоните не се однесуваат на репроматеријали, туку само на специфичен вид опрема која се увезува од земји надвор од ЕУ, како Јапонија, Сингапур, САД,…

„Царинските ослободувања во ТИРЗ се однесуваат само на две поглавја од царинскиот закон, само на специфичен вид опрема, не на репроматеријали, на опрема која доаѓа од не ЕУ, опрема што се увезува од Јапонија, Сингапур, САД,… Вредноста на тие царински ослободувања е многу мала ако се земе прдвид колкави се можностите за државна помош, но, сепак, тие влегуваат во вкупната вредност на државна помош, а лимитот е ист, 50 отсто од инвестицијата, па не би значело голема отстапка ако тоа се плаќа, бидејќи може да се добие помош по друга основа“, истакна Мизо.

Според премиерот, Христијан Мицкоски, инвеститорите се веќе запознаени со измените на законската регулатива. Тој кажа дека е фер и коректно за македонските граѓани, оние компании кои тука реализираат профит, петте отсто повеќе од рамниот данок од десет отсто, да ги уплаќаат во нашиот Буџет.

„Разговараме за единствената давачка за која во моментот размислуваме, а тоа е онаа давачка којашто треба да се усогласи со македонското законодавство поврзано со глобалниот корпоративен данок, нешто кое што се свесни буквално сите странски инвеститори. Тоа е прифатено од нив, а мислиме дека е коректно и фер за македонските граѓани, дека оние компании, коишто реализираат профит тука, коишто се добредојдени, се разбира, се дел од македонската економија, оние пет проценти повеќе од нашиот рамен данок од 10 проценти ги уплатат во нашиот македонски буџет, за македонските граѓани и тоа странските инвеститори коишто ги исполнуваат овие услови, а условите се знаете во три столба поделени над 750 милиони евра глобален обрт, над 10 милиони во земјава да имаат обрт и над еден милион евра профит тука во Македонија“, рече Мицкоски.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мисајловски на средба со Пич, Лосон и нивниот тим: Меѓусебна поддршка- како сојузници ги развиваме одбранбените капацитети

Следно

Меџити: Нема реваншизам – Мицкоски: Акциите се спроведени во целосна координација со партнерите

Latest from Blog

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни

Алиу – Срцева: На Клиниката за ТОАРИЛУЦ се реализирани или во фаза на реализација над 23 проекти и иницијативи за една година

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Клиниката за ТОАРИЛУЦ, во рамки на која е во напредна фаза темелна реконструкција на КАРИЛ. -Оваа реконструкција е согласно најсовремените европски и светски стандарди,

Сиљановска Давкова разочарана од Брисел

Европскиот парламент се подготвува идната недела да изгласа амандман со кој од годишниот извештај за напредокот на Северна Македонија се бришат сите директни споменици на „македонски јазик“ и „македонски идентитет“. Договорот –

Во Словенија на 8-ми јули падна снег!

По минувањето на студениот фронт, температурите во Словенија паднаа доволно ниско за највисоките врвови во земјата да добијат јулски снежен покривач. Снежната граница се спушти на околу 2.200 метри надморска височина, соопшти
Go toTop