Меџити: Нема реваншизам – Мицкоски: Акциите се спроведени во целосна координација со партнерите

December 16, 2024
1 min read

Не станува збор за реваншизам – тврдат владини претставници откако стана јасно дека се води истрага против поранешниот прв вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби, како и екс-директорот на Лотарија, Перпарим Бајрами.

„Ние начелно сме договорени и стоиме на тоа – бескомпромисна борба против корупцијата, но не реваншизам, мултиетничка, и без паради пред нивните семејства и деца.“, вели Изет Меџити.

Премиерот Христијан Мицкоски им се извини на граѓаните поради непријатностите на кои сведочеле додека се одвивале трите акции од последните 24 часа – против поранешните функционери заради злоупотреби во Лотарија, против припадниците на кланот Беланоца, како и за сузбивањето на терористичка ќелија.

„Ние кажавме дека ќе има силна, робустна борба против криминалот и корупцијата, за коишто постојат основани сомневања дека се случиле.“, вели Христијан Мицкоски.

Премиерот додаде дека ќе бидат откриени и обелоденети многу случаи од минатото.

„Сите овие акции ги спроведовме заедно со нашите партнери, буквално во целосна координација бевме.“, вели Христијан Мицкоски.

Реакција од ДУИ за последната акција на МВР нема, а Груби пред само четири дена се повлече од политичкиот живот откако заврши на американската црна листа. Премиерот претходно неколкупати во јавноста истакнуваше дека секој што ќе постапува незаконски ќе одговара, без разлика дали станува збор за актуелен или поранешен функционер. Последната голема акција на МВР и Обвинителство беше насочена против минатото раководство на РЕК Битола и ЕСМ, за што од СДСМ истакнаа дека го поддржуваат секој чекор за расчистување на евентуални злоупотреби и повикаа Обвинителството и институциите да постапуваат без селективност.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Странските инвеститори кои работат во ТИРЗ ќе плаќаат 15 отсто глобален данок или дополнителни пет отсто данок на добивка

Следно

Уште две деца повредени по предизвикот на „Супермен“- хоспитализирано девојче

Latest from Blog

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни

Алиу – Срцева: На Клиниката за ТОАРИЛУЦ се реализирани или во фаза на реализација над 23 проекти и иницијативи за една година

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Клиниката за ТОАРИЛУЦ, во рамки на која е во напредна фаза темелна реконструкција на КАРИЛ. -Оваа реконструкција е согласно најсовремените европски и светски стандарди,

Сиљановска Давкова разочарана од Брисел

Европскиот парламент се подготвува идната недела да изгласа амандман со кој од годишниот извештај за напредокот на Северна Македонија се бришат сите директни споменици на „македонски јазик“ и „македонски идентитет“. Договорот –

Во Словенија на 8-ми јули падна снег!

По минувањето на студениот фронт, температурите во Словенија паднаа доволно ниско за највисоките врвови во земјата да добијат јулски снежен покривач. Снежната граница се спушти на околу 2.200 метри надморска височина, соопшти

Пресврт: Мбапе се откажал од тужба!

Oд заминувањето од Пари Сен Жермен актуелна беше „војната“ помеѓу Килијан Мбапе и францускиот гигант. Прво започна со барањето на Мбапе да му се исплати сумата за лојалјност која ПСЖ сметаше дека
Go toTop