Стопирана хуманитарната помош за Газа

June 9, 2025
1 min read

Прекината хуманитарната мисија за Газа. Израелската армија упадна на бродот со кој Грета Турнберг, француската европратеничка Рима Хасан и уште десет други активисти требаше да достават хуманитарна помош за палестинците кои останаа во појасот.

Бродот, кој беше организиран од Коалицијата на слободната флота требаше да ја подигне свеста за хуманитарната криза во енклавата и да се достават храна и медицински средства.

Од организацијата велат дека Израел уште еднаш покажал дека законот не важи за нив, ги прекршуваат наредбите на Меѓународниот суд на правдата и ги игнорираат барањата на милиони луѓе ширум светот кои повикуваат на прекин на војната.

„Израел нема законско овластување да ги притвора меѓународните волонтери на бродот ‘Мадлин’. Оваа заплена очигледно го крши меѓународното право и ги побива обврзувачките наредби на МСП кои бараат непречен хуманитарен пристап до Газа. Овие волонтери не се предмет на израелска јурисдикција и не можат да бидат криминализирани за доставување помош или оспорување на нелегална блокада – нивното притворање е произволно, незаконско и мора веднаш да заврши.“ – Коалиција на слободната флота.

Претходно, Грета Тунберг изјави дека доколку не успеат да стигнат до брегот на Газа, тоа значи дека се киднапирани. 

„Ако го гледате ова видео, тоа значи дека сме пресретнати и киднапирани во меѓународни води од израелската армија или пак други сили кои го поддржуваат Израел.“ – ..изјава Грета Тунберг.

За израелските власти, акцијата е неопходна за да се спречи подршката за терористичките организации. На они пак кои сакаат да им помогнат на жителите на Газа, им порачаа дека за тоа постојат официјални канали за достава на хуманитарната помош. Сите кои беа на бројот се приведени и наскоро ќе бидат депортирани. Нарекувајќи го пловилото селфи за познати, Министерот за одбрана Израел Кац изјави дека лично наредил да се спречи влегувањето на „Мадлин“ во Газа, а потоа и наредил активистите да гледаат видеа од нападите на Хамас.

„Државата Израел нема да дозволи никому да ја пробие поморската блокада на Газа, чија примарна цел е да се спречи трансферот на оружје до Хамас.“ – Израел Гац министер за одбрана на Израел. 

Според здравствените власти во Газа, повеќе од 54.000 Палестинци загинале за време на израелската офанзива во Газа, а поголемиот дел од територијата е во урнатини. Израелската влада ги затвори границите и спречува Обединетие нации да достават хуманитарна помош. Хуманитарната фондација за Газа, организација поддржана од САД, а чувана од војската на Израел, се единствените кои имаат дозвола да достави храна и вода за Палестинците.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пет ракометари заминуваат од Еурофам Пелистер

Следно

Комунална хигиена Скопје: В.д. градоначалникот на Аеродром се обидува да собира политички поени преку лажно обвинување

Latest from Blog

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска
Go toTop