Столтенберг: Во Белорусија се преместени само мал број војници на „Вагнер“

July 6, 2023
1 min read

Досега НАТО нема забележено голема миграција на војници на платеничката група „Вагнер“ од Русија во Белорусија, но Столтенберг рече дека алијансата и понатаму внимателно ќе ги следи движењата на трупите на „Вагнер“ и Пригожин.

НАТО регистрира дека лидерот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, „малку се движел наоколу“, без да се даде дополнителни детали, но кога станува збор за платениците, не се забележува поголем број лица кои мигрирале од Русија кон Белорусија.

„Видовме одредени подготовки за прием на големи групи војници на ‘Вагнер’ во Белорусија“,

рече Столтенберг.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко претходно денеска изјави дека Пригожин се вратил во Русија по краткиот егзил во Белорусија, додека неговите војници остануваат во кампови, додека, пак, од Кремљ пристигна соопштение во кое се вели дека Москва го нема ставено Пригожин на листата на луѓе чие движење е под мониторинг. На Пригожин и на неговите војници им беше понудено безбедно засолниште во Белорусија за да го прекинат пучот на неговата платеничка сила во јуни.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Град Скопје домаќин на Европско првенство во одбојка 06.7.2023

Следно

Белград обвинува дека косовска полиција влегла на територијата на Србија

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop