Град Скопје домаќин на Европско првенство во одбојка 06.7.2023

July 6, 2023
1 min read

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски и претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски, потпишаа меморандум за соработка за организација на натпревари во групата  „Ц“  на Европското првенство во одбојка 2023 (мажи) во Скопје.

Скопје од 30-ти август до 6-ти септември е домаќин на група „Ц“ на Европското првенство во одбојка за мажи за 2023 година, а овој реномиран спортски меѓународен настан е уште една одлична можност за афирмација на нашиот град како спортско-туристичка дестинација.

Со овој меморандум се воспоставува соработка меѓу Град Скопје, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Одбојкарската федерација на Македонија, со цел ефикасна координација и техничко-логистичка поддршка за успешна заедничка организација на ова меѓународно спортско првенство.

ИЗВОР: skopje.gov.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Столтенберг: Во Белорусија се преместени само мал број на војници на „Вагнер“

Следно

Столтенберг: Во Белорусија се преместени само мал број војници на „Вагнер“

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop