Белград обвинува дека косовска полиција влегла на територијата на Србија

July 6, 2023
1 min read

Директорот на Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, изјави дека косовска полиција вооружена до заби денеска повторно навлегла на територијата на централна Србија, на 500 метри од административната линија.

Според официјален Белград, денеска, полициски службеник од Бујановац забележал брзо движење на возило на косовската полиција од Карачево кон Бистрица, а откако косовските полицајци биле забележани од српските брзо избегале кон територијата на Косово, односно кон Карачево.

„Тоа возило бркало бело комбе кое од патот свртело кон селото. На местото на свртувањето, полициско возило „Дачија“ на таканаречената косовска полиција застанало, а сопатникот, бидејќи во возилото имало две лица, излегол и со поглед испратил каде заминало комбето. Во тој момент биле забележани од припадниците на полицијата на Република Србија и српската полиција се упатила во правец на припадниците на т.н. на косовската полиција со цел да ги спречи „во очигледната намера да претражуваат низ централна Србија“,

изјави Петковиќ.

Петковиќ кажа и дека сопственикот на комбето кое било бркано од страна на косовските полицајци се јавил во полициска станица и раскажал што се случило.

„Тој рече дека припадниците на косовската полиција почнале да го бркаат затоа што имал и има бујановски регистерски таблички без налепници, што било причина зошто го бркале. Возачот на комбе живее во Велики Трновац“,

вели Петковиќ.

Петковиќ кажа дека припадниците на косовската полиција немаат што да бараат на територијата на централна Србија, како што немале што да бараат на 14 јуни, кога биле лоцирани и од српската полиција. Тој презентираше и видео снимка од настанот и кажа дека косовскиот премиер Албин Курти цело време јасно ги крши сите договори и константно провоцира.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Столтенберг: Во Белорусија се преместени само мал број војници на „Вагнер“

Следно

Во стан во центарот на Белград пронајдени делови од телото на исчезната тиктокерка

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop