Стејт департмент: Недостиг на судска и медиумска независност и корупцијата главни проблеми во Албанија

March 21, 2023
2 mins read

Недостатоци во независноста и интегритетот на судството, недостиг на независни медиуми, и тековната корупција во владата, органите на прогонот и локалните институции се главните проблеми во Албанија во текот на изминатата година, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент.

Се додава дека иако Уставот предвидува независно судство, „политичкиот притисок, заплашувањето, корупцијата и ограничените ресурси го спречија судството да функционира целосно, независно и ефикасно“.

Во извештајот се забележува дека има и напредок, а се споменува и Специјалната антикорупциска структура, која во текот на изминатата година истражуваше, гонеше и казнуваше високи функционери и членови на организиран криминал, инволвирани во корупција.

Корупцијата, се наведува во извештајот, била присутна во сите гранки и нивоа на власта, вклучително и јавните набавки и јавно-приватните партнерства. Еден од главните проблеми споменати во извештајот е состојбата на медиумите и притисокот врз нив.

Според извештајот, набљудувачите тврдат дека „владата, политичките партии, бизнисите и криминалните групи се обиделе да влијаат врз медиумите на несоодветен и нетранспарентен начин“.

Има слободни медиуми и пролиферација на медиуми, особено на интернет, кои претставуваат широк спектар на ставови без одговорност, честопати без потврдени информации.

„Меѓутоа, независните медиуми се многу малку, бидејќи повеќето медиуми се во сопственост на моќни бизнисмени со сопствени интереси кои ги користат нивните медиуми за унапредување на сопствените интереси, вклучително и профитерство и промовирање на интересите што ги имаат со политички партии, се вели во извештајот.

Стејт департментот, исто така, наведува дека има веродостојни извештаи дека високи претставници на медиумите ги користеле истите за да ги уценуваат бизнисите, заканувајќи им се со негативно покривање.

„Политичкиот притисок, корупцијата и недостатокот на финансирање ги ограничија независните печатени медиуми, а новинарите, наводно, практикувале самоцензура, се констатира во извештајот.

Според Стејт департментот, во извештајот на Меѓународната мисија за набљудување на изборите по парламентарните избори во април 2021 година се проценува дека новинарите останале ранливи на притисок и корупција.

Осврнувајќи се на овие избори, во извештајот се наведува дека според Меѓународната мисија на набљудувачи, иако изборите генерално биле добро организирани, владејачката партија обезбедила значителни предности од фактот дека е на власт, од контролата врз локалните администрации и од злоупотребата на административни ресурси. Во извештајот се наведуваат и веродостојните наводи за широко распространето купување гласови од страна на политичките партии и незаконското извлекување и користење на чувствителни лични податоци.

„Некои сопственици на бизниси, граѓански активисти и политичари ја обвинија владата дека селективно го применува законот за одземање имот за политички цели. Примерите вклучуваат насилно затворање на деловен простор на пратеник од опозицијата, кој рече дека неговата фирма била цел, бидејќи постојано и јавно обвинувал владини функционери за корупција, стои во извештајот.

Зборувајќи за правата на жените, во извештајот се забележува дека владата не го спроведувала ефективно законот кога станува збор за злоставување. „Во извештајот се наведува и дека властите немаат објавено податоци за кривично гонење за случаи на силување од брачен другар. Концептот на силување од сопружник не едобро разбран и властите често не го сметаат за кривично дело. Иако законот забранува сексуално вознемирување, официјалните лица ретко ја спроведуваат обврската од законот, се констатира во извештајот на американскиот Стејт департмент за човекови права за 2022 година во делот за Албанија.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во затворот Идризово откриен тунел за бегство

Следно

Две жени и еден маж каснати од улични кучиња во Скопје

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop