Стефковски: Во Трубарево ја започнуваме 4-та фаза од изградбата на фекалната канализација

January 28, 2023
1 min read

Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски денеска заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посетија неколку населени места во општината во кои каде во овој момент се реализираат активности за изградба на нови проекти. 

-Во населено место Трубарево, местото викано Чукур Маало ја започнуваме 4-та фаза од изградбата на фекалната канализација, проект чија вредност е околу 7 милиони денари. Исто така во текот на денешниот ден ќе направиме посета и во населеното место Смилковци каде што се реализира последната фаза од изградба на фекалната канализација, проект вреден околу 8 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на општина Гази Баба, информираше градоначалникот Стефковски. 
Тој потенцираше дека во првиот месец од новата 2023 година на територија на општина Гази Баба се реализира изградба на нова фекална канализациона мрежа во повеќе населени места во вкупна должина од над 7 километри.

-Исто така во текот на денешниот ден ќе направиме посета и на населените места Колонија, Јурумлери и во населеното место Брњарци каде се одвиваат градежни активности за изградба на пешачки патеки и подготовка за асфалтирање на нови локални улици.
Гази Баба и во наредниот период ќе продолжи да се гради и менува со засилено темпо. Ова е само еден почеток на градежната офанзива која што ќе се реализира во тековната 2023 година, градежна офанзива која предвидува изградба на детска градинка, изградба на нови училишни спортски сали, изградба на нови фекални канализациони системи, изградба на нови водоводни системи, изградба нови спортски игралишта, на детски катчиња и така натаму, порача првиот човек на општината. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Во Гази Баба се реализира се што е ветено, со општинската обврзница ќе можат да се реализираат нови проекти, повеќе од тоа што е ветено на изборите

Следно

Објавена снимка од бруталното претепување на Тајр Николс од американски полицајци

Latest from Blog

Петрушевски: Со злоупотреба на службена положба преку местење на тендери вредни 8 милиони евра, кадри на СДС и ДУИ се збогатиле за 2 милиони евра

Поранешниот директор на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје и кадар на ДУИ, а одобрен од СДС, Бујар Дардишта, заедно со уште 32 лица е осомничен за перење на пари во висина

Ливерпул носи ѕвезда на Баерн од 65 милиони долари?

Фото: Баерн Минхен Иако Ливерпул во последните денови беше во центарот на вниманието поради ситуацијата околу Мохамед Салах, кој изјави дека чувствува дека клубот го „фрлил под автобусот“, раководството на „Енфилд“ веќе

Украина тврди дека нејзини беспилотни летала собориле два руски Су-27 на Крим

Безбедносната служба на Украина (СБУ) денес објави дека беспилотни летала со долг дострел на Центарот за специјални операции „Алфа“ собориле два авиони Су-27 на рускиот аеродром Белбек на Крим. „Еден од авионите

Бикот за биде смирен, а Шкорпијата да избегне тензии

ОВЕН Денеска вашите лични односи можат да бидат напнати доколку сакате целосно да ја контролирате ситуацијата. Бидете внимателни и избегнувајте непотребни расправии што можат да ве исцрпат. Денот е погоден за препуштање
Go toTop