Објавена снимка од бруталното претепување на Тајр Николс од американски полицајци

1 min read

Градот Мемфис објави видеоснимки на кои се гледа како петмина полицајци крвнички го претепуваат 29-годишниот Тајр Николс, кој подоцна им подлегна на повредите. На една од снимките се забележува како Николс лежи на стомак, а полицајците прскаат со спреј во неговото лице. Друга снимка покажува како го шутираат додека тој во плач ја повикува својата мајка.

29-годишниот афроамериканец Тајр Николс на 7 јануари бил запрен поради несовесно возење, а починал три дена подоцна како резултат на повредите од тепањето од полицајците.

По неговата смрт, петтемина полицајци се обвинети за убиство од втор степен, а градот Мемфис каде што и се случи настанот, објави четири снимки од полициските камери кои службениците ги носеле на себе, но и снимка од камера која се наоѓа на еден од столбовите близу местото каде што Николс бил претепан. На едно од видеата се гледа како полицајците го извлекуваат Николс од автомобилот додека тој вели дека не направил ништо и дека само сака да си оди дома.

Потоа го фрлаат на земја, по што тој успева да се ослободи и пробува да побегне. Но, веднаш кон него тргнуваат полицајците, а еден од нив користи и тејзер. На снимките се слушаат и молбите на Николс кој бара да го пуштат.

Потоа, на местото пристигнува итна помош, а тој им подлегна на повредите во болница три дена подоцна.

Полицајците кои се обвинети за убиството на Николс

Откако снимките беа објавени, во Мемфис се собраа демонстранти, а американскиот претседател Џо Бајден го осуди убиството и порача дека оние што сакаат правда, не смеат да посегнат кон насилство и уништување.

Полициското насилство во САД предизвика низа протести и во минатото кога во мај 2020 г. во Минеаполис, како резултат на полициска бруталност, почина Џорџ Флојд.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Стефковски: Во Трубарево ја започнуваме 4-та фаза од изградбата на фекалната канализација

Следно

Нов напад во Ерусалим, двајца повредени

Latest from Blog