Мицкоски: Во Гази Баба се реализира се што е ветено, со општинската обврзница ќе можат да се реализираат нови проекти, повеќе од тоа што е ветено на изборите

January 28, 2023
1 min read

Како и секогаш така тука денеска во општина Гази Баба не можам да го скријам задоволството од реализирањето на она кое што е ветено во кампањата на локалните избори, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Градоначалникот на Гази Баба кажа кои се сите проекти кои што денеска ќе ги посетиме, но исто така во периодот кој што следи ќе има и многу други проекти кои што се дел ветени, но бидејќи полека но сигурно се исцрпува она што е ветено бидејќи веќе е голем дел од тоа реализирано, има проекти кои што не се ветени а сепак ќе бидат реализирани бидејќи се потреба на граѓаните за подигнување на нивото и квалитетот на живот овде во општина Гази Баба.

Јас на Боби му честитам за посветеноста, храброста за трудот, за чесното и одговорно работење, и на администрацијата која што е дел од општина Гази Баба исто така за посветеноста и енергијата која што ја вложува со минимални услови кои што ги имаат на располагање и покрај сите опструкции кои што доаѓаат од страна ана владата и институциите кои се дел од владата сепак ветеното да го реализираат, потенцира Мицкоски и додава:

„Во таа насока информиран сум дека и процедурата за издавање на општинската обврзница овде во Гази Баба е завршена и се надева дека на почетокот од оваа 2023та година Ковачевски и останатите во владата на ДУИ поддржана од СДС ќе им имаат барем малку чувство за граѓаните на општина Гази Баба и нема да го опструираат овој процес, бидејќи тоа е начин да се обезбедат дополнителни средства за да може да се реализираат дополнителни проекти. Проекти кои што ќе значат поквалитетен живот на жителите овде во Гази Баба. И апелирам до владата да излезе во пресрет, со носење на формалната одлука. За жал формалноста вели така да мора на крај да помине тоа на седница на влада, да ја стават на седница на влада и да дозволат да помине таа процедура за да може општина Гази Баба да реализира и повеќе проекти во оваа година, па во следните години од мандатот на Боби и оваа администрација да можеме да реализираме и повеќе од тоа што сме ветиле во кампањата за локалните избори во 2021 година.

Сосема на крај уште еднаш ќе ми дозволите да им честитам за ова што го работат во општина Гази Баба и да ги охрабрам со несмалено темпо во периодот кој што следи да ги реализираат проектите кои што преостанаа во програмата од локалните избори во 2021 година. Но, и да реализираат проект повеќе кој што не бил ветен, а кој што значи поквалитетен живот за граѓаните овде во општина Гази Баба“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ: Руски напад врз градот Константиновка во источна Украина

Следно

Стефковски: Во Трубарево ја започнуваме 4-та фаза од изградбата на фекалната канализација

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop