Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите во Обвинителството, во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме и со нив и со судовите

March 22, 2026
1 min read

Во делот на платите сметам дека нема простор за зголемување, а во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме не само со Обвинителството, туку и со судовите, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање денеска на прес-конференција во Владата, во однос на изјавата на новиот државен јавен обвинител Ненад Савески по официјалното преземање на фунцијата, во која тој меѓу другото рече дека на Обвинителството му требаат финансиски средства за ефикасна борба против криминалот.

-Во делот на платите мислам дека нема простор за зголемување, а во делот на ресурсите и алатките се разбира дека тука можеме да разогвараме, да седнеме не само со Обвиниелството, туку и со судовите. Последното, колку што знам, врз основа на планот изработен од Судскиот совет, одобрени нови 200 вработувања за судовите низ земјава, нешто што претставува навистина голем потег – рече Мицоски.

Тој појасни декас не станува збор за судии, туку за судски соработници и додаде дека не се памети кога последен пат имало ваква бројка на вработувања.

-Оваа динамика ќе продолжиме да ја следиме и понатаму врз основа на Планот и систематизацијата, која сами ја изработија, едноставно ние ниту се мешавме, ниту имавме какви било сугестии како Влада – рече Мицкоски.

Тој додаде дека Министерство за финансии дало одобрување, односно дека средствата се одобрени.

-Во делот на платите не мислам дека имаме простор за зголемување, посебно имајќи ги предвид генерално состојбите со платите во државата, нагласи премиерот.

Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески на 19 март даде свечена изјава во Собранието, а пред медиумите рече дека неговата работа ќе биде во согласност со Уставот, законите, ратификуваните меѓународни документи и меѓународните стандарди. Во однос на буџетот на Јавното обвинителство и новиот закон, новиот државен јавен обвинител рече дека очекува поддршка од страна на другите институции, кои се задолжени за тоа, како и да го види конечниот текст на новиот закон за јавни обвинители.

– И од тука да се почне, да видиме што предвиделе пратенците со донесување на законот, која ќе биде конечната верзија и од тука да се креираат плановите. Факт е дека на Обвинителството му требаат финансиски средства, борбата против криминалот бара финансиска поддршка. За да се бориме ефикасно против криминалот, мора да има услови за тоа. Еден од условите е да имаме финансиска можност да се бориме да го следиме чекорот, секој што го прекршил законот да биде гонет – рече Савески.  (МИА)

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Наместо 10 денари, дизелот би требало да поскапи околу 3 денари – Се намалува ДДВ-то за горива од 18% на 10%

Следно

Трамп со ултиматум до Техеран: Отворање на Ормускиот теснец во рок од 48 часа или „уништување“ на електраните

Latest from Blog

Лансирањето на американските акции на Binance веќе го надминува пазарот на токенизираните акции

Проширувањето на Binance кон американските акции брзо добива на размер и веќе го надминува постојниот пазар на токенизирани акции и по опфат и по трговска активност. Нов пазарен преглед на CoinDesk покажува

Станарите од „Васко Карангелески“ покажаа како се гради култура за селекција на отпад

Станарите од зградите на улицата „Васко Карангелески“ бр.125, кај касарната во Прилеп, со сопствена иницијатива и креативна идеја го разубавија просторот пред нивната зграда и овозможија организирано контејнерско собирање на отпадот. Откако

Пресврт во случајот „Пулс“: Лиценцата од 2012 е издадена за друг објект, покажуваат доказите

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, Јавното обвинителство продолжи со изведување на докази кои се однесуваат на постапките во Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат. Пред судот беа презентирани записници, барања,

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и
Go toTop