Стефковски: Продолжува модернизацијата на комуналното претпријатие во Гази Баба

March 13, 2023
1 min read

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска заедно со директорот на ЈКП Гази Баба, Игор Атанасовски беа на терен низ Урбаната заедница Автокоманда каде што започна големата пролетна акција на ЈКП Гази Баба, а вооедно беше промовирано и новото возило – дигалка кое се набави за потребите на ЈКП Гази Баба со средства од буџетот на општина Гази Баба.

Градоначалникот Стефковски на својот профил на Фејсбук објави дека продолжува модернизацијата на претпријатието.

– Продолжува модернизацијата на ЈКП Гази Баба. ЈКП Гази Баба прераснува во вистински сервис на граѓаните, а за таа цел продолжуваат и инвестициите на општина Гази Баба во обезбедувањето на нова механизација и возила.

Денес започна големата пролетна акција која ЈКП Гази Баба ќе ја спроведува во следниот период низ населените места во општина Гази Баба. На терен во Урбаната заедница Автокоманда беше пуштена и новото возило – дигалка, која се набави со средства од буџетот на општина Гази Баба во висина од околу 2.500.000 денари и истата достигнува висина од 9.6 метри.

Со новото возило се овозможуваат услови за оддржување на уличното осветлување кое од неодамна е во надлежност на ЈКП Гази Баба, но и за кастрење на дрвата на јавните површини низ нашата општина. Во рамки на пролетната акција која започна денес ќе се изврши чистење на јавните површини низ општината, кастрење на дрвата, како и засадување на нови садници и подигање на нови зелени површини. Продолжува обновата на нашата Гази Баба, напиша Стефковски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Почина писателот Никола Кочовски

Следно

Промоција на книга од Ленче Милошевска во Градската библиотека во Скопје

Latest from Blog

Ајдари во 24 анализа: Мицкоски не покажува способност да води мултиетничка држава и сака да биде тутор на албанската политичка сцена

Рина Ајдари од ДУИ во 24 анализа рече дека, не може да се дозволи премиерот Мицкоски да одредува кој со кого ќе коалицира или ќе се среќава. Според неа, таквите негови изјави

Мицкоски: Македонскиот јазик не е само минато, тој е мост до иднината!

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва на свечена академија во Македонскиот народен театар по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик изјави дека „Македонскиот јазик не е само минато, тој е мост

СДСМ: Тотална негрижа, ВМРО-ДПМНЕ не го спроведува Законот за македонски јазик

Професорката Маја Серафимовска Борозан на прес конференција рече дека за време на деветмесечното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, не се спроведува ниту една одредба од Законот за употреба на македонскиот јазик. На овој значаен

Трајанов во Аргумент плус: Таравари треба да одлучи дали ќе се приклучи на ДУИ

Националниот координатор за борба против насилен екстремизам и тероризам Павле Трајанов, во Аргумент плус рече дека немал средба со Таравари за несогласувањата во „ВРЕДИ“. Според него, сите недоразбирања се околу крупни прашања

ФОТО: Ги загуби олимписките медали во пожарите кои го опустошија Лос Анџелес, Гари Хол доби нивни реплики

Прославениот американски пливач Гари Хол (50) на церемонија одржана денеска во седиштето на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) доби реплики од десетте олимписки медали кои ги освои во кариерата, а кои беа уништени
Go toTop