Ајдари во 24 анализа: Мицкоски не покажува способност да води мултиетничка држава и сака да биде тутор на албанската политичка сцена

May 5, 2025
1 min read

Рина Ајдари од ДУИ во 24 анализа рече дека, не може да се дозволи премиерот Мицкоски да одредува кој со кого ќе коалицира или ќе се среќава. Според неа, таквите негови изјави се врз основа на неговата омраза и национализам.

Таа зборуваше и дека доколку се чепка законот за јазиците ќе бараат предвремени парламентарни избори. 

„Во овие последни денови во континуитет имаме рекации и тоа што не загрижува е тоа што Мицкоски не покажува способност да води мултиетничка држава и сака да биде тутор на албанската политичка сцена и тоа е веќе црвена линија. Нема да дозволиме да се премине. Албанците сами ги избираат своите претставници и не може премиерот да одредува кој со кого сака да коалицира, да се состанува, да дебатира. Ова е неприфатливо. Разбриливо е бидејќи премиерот е политичар кој својата кариера ја изградил врз национализам и омраза и очекувани се вакви изјави од него“, рече Ајдари.

Таа објасни и дека доколку се чепка законот за јазиците ќе бараат предвремени парламентарни избори. 

„И Ахмети беше јасен од формирањето на оваа влада до ден денес. Ние бевме јасни дека ако се чепка законот за јазиците тогаш ќе неме локига  да се продолжи со оваа влада или да останеме дома и да не протестираме во одбрана на законот. Во континуитет сме биле јасни во ставовите, ако се сеќавате премиерот беше прв од собраниска говорница кој бараше предвремени парламентарни избори и сега ако го немаме механзиамот балансер и ако се чепка законот за јазиците ќе одиме на предвремени парламентарни избори, ќе ги употребиме сите демократски механизими“, додаде Ајдари.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Мицкоски: Македонскиот јазик не е само минато, тој е мост до иднината!

Следно

Кошаркари на Партизан во општа тепачка пред ноќен клуб во Белград (ВИДЕО)

Latest from Blog

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран

Советот на Прилеп одвои 14,5 милиони денари за спортот и граѓанскиот сектор

На денешната 16-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, советниците со мнозинство гласови ги усвоија сите точки од дневниот ред, носејќи одлуки

Советот на Општина Прилеп ја одржа 16-тата седница – 14,5 милиони денари за спорт и граѓански сектор

На денешната 16-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, советниците со мнозинство гласови ги усвоија сите точки од дневниот ред, носејќи одлуки
Go toTop