Мицкоски: Македонскиот јазик не е само минато, тој е мост до иднината!

May 5, 2025
2 mins read

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва на свечена академија во Македонскиот народен театар по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик изјави дека „Македонскиот јазик не е само минато, тој е мост до иднината. Затоа овој јубилеј нека не биде само момент на сеќавање туку и миг на будење, миг кога повторно си кажуваме – ова е наше, ова е вредно, ова е вечно“.

Цитирајќи ги Мисирков и Конески, спомнувајќи ја заложбата и на нивните претходници – просветителите, преродбениците и учебникарите, премиерот нагласи дека тие се грамадни личности кои ги поставиле темелите на јазикот како идентитетско обележје и затоа, рече, иако е кодифициран и станал официјален во 1945, јазикот постои многу векови. 

-Пред 80 години на оваа почва се кодифицираше македонскиот литературен јазик. Тоа беше повеќе од административен чин. Тоа беше признавање на една длабока, искрена, долга и тешка борба на еден народ за свое име, свој израз и своја самобитност. Оваа кодификација не произлезе преку ноќ. Таа беше плод на децении работа и истрајност на големи луѓе и на генерации интелектуалци, учители, поети, новинари, читатели. Секој од нив вложи збор, мисла, срце, истакна претседателот на Владата.

Мицкоски порача дека јазикот „не е нешто што се чува во витрина“ и мора да се говори, да се создава и да се развива, а за таа цел, рече, најголема надеж се младите. Им се обрати и на Македонците во дијаспората со порака на идните поколенија да им го пренесуваат македонскиот  јазик кој, рече, е „нераскинлив дел од нашето национално ткиво“.

Премиерот прати порака и за важноста за зачувување на јазикот затоа што во 21 век, рече, судбината на малите народи е „постојано да се потврдуваат, борат и да држат до своето право на идентитетско обележување“. Нагласи дека нив ги загрозуваат моќните пропаганди кои „удираат по идентитетските обележја“.

-И неретко ние како народ сме ги имале таквите удари. А болката е поголема кога тие доаѓаат од домашните луѓе кои ваму или таму поради разни лични или лукративни интереси ќе оспорат или невнимателно ќе внесат сомнеж кон некоја историска вистина која нас нѐ потврдува како народ и нација. Јазикот е нашиот бедем и неспорен идентитет и јас како претседател на Владата нема да отстапам од нашето цивилизациско право да говориме на македонски, да се претставувам на македонски, да се радуваме, тагуваме и да пееме на нашиот многувековен македонски јазик. Тоа го правеле нашите дедовци, тоа ќе го прават и нашите деца. Затоа на многумина ќе им засметаме, на неколкумина ќе им бидеме пречка, но секогаш знам дека работам за моите граѓани и за нашата заедничка татковина. И тука не смееме и не сме сами,  истакна Мицкоски.  

Премиерот изрази почит и благодарност на институциите и поединци кои се посветени на македонскиот јазик: Институтот „Крсте Мисирков“, МАНУ, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“-Скопје и сите универзитетски катедри за македонски јазик, Министерството за образование и наука и наставниците, издавачи, поети, преведувачи, медиуми. 

Мицкоски истакна дека Владата ќе продолжи да инвестира во македонскиот јазик, во проекти и поддршка на институциите што нив ги реализираат. 

-Преку образовни реформи, дигитални проекти, речници и стандардизација. Да поддржува издавачи, медиуми, писатели и наставници, да ги зајакнува институциите, како Институтот „Крсте Мисирков“ и катедрите во земјава, но и во странство. Да вложува во програми за изучување и промоција на јазикот преку ниви технологии и меѓународна соработка, да им овозможува на младите нови формира за изразување преку јазикот –  и во книжевноста и во јавниот живот, рече Мицкоски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Тотална негрижа, ВМРО-ДПМНЕ не го спроведува Законот за македонски јазик

Следно

Ајдари во 24 анализа: Мицкоски не покажува способност да води мултиетничка држава и сака да биде тутор на албанската политичка сцена

Latest from Blog

Американски конгресмени го КРИТИКУВААТ МЕШАЊЕТО НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ВО ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА

Републикански членови на Конгресот испратија формално писмо до Урсула Фон Дер Лајен, остро критикувајќи го мешањето на Европската комисија во унгарскиот изборен процес. Како алатки за влијание, тие ги истакнуваат финансирањето водено

Проданоски со велигденска порака: Светлината на Воскресението нека донесе мир во секој дом

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните по повод големиот христијански празник Велигден. Во својата порака, Проданоски истакна дека Воскресението Христово е симбол на надежта, љубовта и новиот почеток,

Севиља го “реши“ Атлетико Мадрид!

ФОТО:facebook.com/sevillafc.eng/ И тоа како голема победа за Севиља во борбата за опстанок, против учесниците во четвртфиналето на Лигата на шампионите, тимот на Атлетико Мадрид со резултат 2:1. Не се чекаше долго на

Проданоски со велигденска честитка: Мир, љубов и радост за сите граѓани

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните по повод големиот христијански празник Велигден. Во својата порака, Проданоски истакна дека Воскресението Христово е симбол на надежта, љубовта и новиот почеток,
Go toTop