Средба Камерон – Османи: Членството на Косово во НАТО неопходен чекор за мирот и стабилноста во регионот

January 4, 2024
1 min read

ПРИШТИНА (АА) – Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Камерон, денес престојува во официјална посета на Косово, во рамките на која се сретна со претседателката на Косово, Вјоса Османи, јавува Анадолу.

Како што се наведува во соопштението од нејзиниот Кабинет, на средбата се разговарало за „одличните односи меѓу Косово и Велика Британија, за посветеноста на продлабочувањето на меѓудржавната соработка, зајакнувањето на меѓународната позиција на Косово, како и за безбедносната ситуација во регионот и пошироко.“

Османи му се заблагодарила на Камерон за непоколебливата поддршка од Велика Британија за Косово, вклучително и дипломатската поддршка во процесот на европските интеграции на Косово во меѓународните институции.

Претседателката на Косово ја повторила важноста на членството на нејзината земја во НАТО, почнувајќи од вклучувањето во Партнерството за мир, како неопходен чекор за обезбедување долгорочен мир и безбедност во регионот и пошироко.

Таа ја нагласила важноста на членството на Косово во Советот на Европа за дополнително зајакнување и унапредување на човековите права.

„На состанокот се разговараше и за безбедносната ситуација во регионот и пошироко и во таа пригода Османи го информираше секретарот Камерон за постојаните напори на Србија за дестабилизација, вклучително и за актот на агресија, терористичкиот акт против Косово на 24 септември. Претседателката му се заблагодари на секретарот Камерон за зголемувањето на бројот на британските војници во рамките на КФОР, нагласувајќи ја важноста на соработката за обезбедување на границата со Србија“, се наведува во соопштението.

Се додава дека Османи говорела и за „терористичките групи поддржани од Белград, кои продолжуваат да создаваат страв и заплашување кај српската заедница“.

„Османи истакна дека Косово е пример во регионот во поглед на правата на немнозинските заедници и ја потврди целосната посветеност на земјата на зацврстувањето на секој граѓанин, без правење разлика“, се нагласува во соопштението.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костовски ги повика најмалите жители на Бутел да се приклучат на Бадниковите поворки

Следно

Со 15 гласа „за“ и тензична атмосфера, изгласан Буџетот на Општина Карпош

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop