Средба Додик-Путин: Потврдени добрите односи меѓу РС и Русија

February 21, 2024
1 min read

Одбиваме да се приклучиме на западните санкции против Русија и нема да влеземе во НАТО, изјави претседателот на Република Српска Милорад Додик по денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Казан.

Тој на Х му се заблагодари на Путин за тоа што примил и што ја сфаќа ситуацијата на неговата земја.

„Ги потврдивме добрите односи што Српска ги има и ги негува со руската држава и со претседателот Путин. Она што го правиме во сегашните околности е што отфрламе секаква можност за приклучување на западните санкции против Русија. Без двоумење одбиваме да влеземе во НАТО. Србите беа бомбардирани двапати, Српска еднаш, Србија втор пат“, напиша Додик на Х.

Тој додаде дека „може да посведочи дека денес има огромен број млади луѓе, новородени деца, кои страдаат од последиците од осиромашен ураниум, па дури и 10 пати зголемена радијација на тие простори, како и од малигни заболувања предизвикани од тоа бомбардирање“.

– Не е ниту логично ниту нормално Српска да прифати членство во НАТО. Кога дојде Западот веднаш ги приватизираше комерцијалните банки и сега тие избираат дали сакаат да работат со нас и тоа го прават од чисто политички причини. Српска е стабилна политички и институционално. Значи, се одржуваме стабилни. Немаме посебни предизвици, но забележливо е постојаното поткопување на опозицијата и алтернативните групи кон стабилноста на Српска, напиша Додик.

Путин на претседателот на Република Српска денеска му го врачил и орденот „Александар Невски“ за „голем придонес во развивањето на соработката меѓу Русија и БиХ и јакнење на партнерството со Република Српска“.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ му дава поддршка на Пендаровски за нов мандат за претседател

Следно

Стевчо Јакимовски, кандидат за претседател на ГРОМ

Latest from Blog

Полувреме: Руиз и Де Кетеларе за 1:1! Имаше ли пенал за Шпанија? Тилеманс се повреди на загревање (ВИДЕО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Шпанија – Белгија 1:1 по првото полувреме на 1/4 финалниот меч во Лос Анџелес. Спектакуларен настап на “Фуријата“ која диктираше, имаше шанси и зицери а поведе со голот на Руиз во

Израелците ликвидираа командант на единицата Нухба, елитен одред на Хамас (Вознемирувачко видео)

Израелците соопштија дека командантот на елитната единица Нухба на Хамас, Јахја Саид Мохамед Хамдан, бил убиен во нападот, објави „Тајмс оф Израел“. Според ИДФ, Хамдан учествувал во нападот врз базата Реим, каде што

Без пчелите ќе останеме без храна, не само без мед

Климатските промени и фалсификуваниот мед се најголемите закани за македонското пчеларство, а зачувувањето на автохтоната македонска пчела е прашање за иднината на земјоделството и за безбедноста на храната. Во интервју за весникот

Потврдено: Португалија има нов селектор!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/PORTUGAL Португалија официјално го објави назначувањето на искусниот Жорге Жесус за нов селектор на репрезентацијата. 71-годишникот го наследува Роберто Мартинез откако „морнарите“ стигнаа само до 1/8 финалето на Светското првенство во 2026
Go toTop