Србија: На парламентарните избори води листата на Александар Вучиќ

December 18, 2023
1 min read

БЕЛГРАД (АА) – Изборната листа на актуелниот српски претседател Александар Вучиќ води на парламентарните избори што се одржаа вчера, јавува Анадолу.

Изборната листа „Александар Вучиќ – Србија не смее да застане“ води на изборите за Народното собрание на Србија со 46,85 отсто освоени гласови врз основа на обработени 7.846 избирачки места од вкупно 8.273.

Втора по процентот на освоени гласови е опозициската Изборна листа „Србија против насилството“ со досега освоени 23,37 отсто, а трета е „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“ со 6,59 отсто. Изборниот праг што изнесува три отсто досега го поминаа и листите: „Надеж за Србија“ со 5,02 отсто и „Ние – гласот на народот“ со 4,68 отсто.

Од вкупно 18 изборни листи, на парламентарните избори во Србија учествуваа седум листи на националните малцинства. Според српските закони, изборниот праг од три проценти за влез во Народното собрание на Србија не важи за листите на националните малцинства.

Така, листата на Сојузот на војводинските Унгарци освои 1,72 отсто, листата на Усама Зукорлиќ „Обединети за правда“ – Демократскиот сојуз на Хрватите на Томислав Жигманов во Војводина – 0,78 отсто, СДА Санџак – д-р Сулејман Угљанин – 0,6 отсто, листата Политичката борба на Албанците продолжува – Шаип Камбери – 0,38 отсто, листа на Руската партија – Слободан Николиќ – 0,3 отсто и Албанската демократска алтернатива – 0,09 отсто.

На парламентарните, покраинските и изборите за советници во 65 локални самоуправи, кои се одржаа вчера во Србија, излезноста на гласачите беше нешто повеќе од 58 отсто. Право на глас имаа 6.500.666 гласачи. Граѓаните на републичко ниво можеа да избираат меѓу 18 листи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Митровски: На обвинетите за грабнувањето на Вања им се ставаат многу сериозни кривични дела и многу е можно дел од осомничените да се обидат да избегнат одговорност за убиството а да одговараат за условно речено полесно дело за грабнување

Следно

Митровски: На обвинетите за грабнувањето на Вања им се ставаат многу сериозни кривични дела и многу е можно дел од осомничените да се обидат да избегнат одговорност за убиството, а да одговараат за условно речено полесно дело за грабнување

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop