Спортот за првпат вклучен во Националната стратегија за соработка со дијаспората

November 26, 2025
1 min read

Спортот и спортската дипломатија за првпат се вклучени како посебен постулат во Предлог–текстот на Националната стратегија за соработка со дијаспората 2026–2030, кој денеска беше презентиран на јавната дебата во Владата. Во рамките на понатамошниот инклузивен процес, Стратегијата ќе биде објавена и на Националниот регистар на прописи – ЕНЕР.

Носител на процесот за изработка на Стратегијата е Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во соработка со ресорните министерства, меѓу кои и Министерството за спорт, и други институции надлежни за областите опфатени во соработката со дијаспората.

Националната стратегија има за цел да ги зајакне врските меѓу матичната држава и македонските граѓани во странство, со акцент на пет клучни области: конзуларни и социјални услуги, култура и туризам, образование и зачувување на мајчиниот јазик, спорт и спортска дипломатија, како и економија, инвестиции и надворешна трговија.

 

Вклучувањето на спортот како посебен постулат е резултат на анализите и анкетите спроведени од Министерството за спорт, кои покажаа јасна потреба од зајакнување на спортската соработка со дијаспората, подобар трансфер на знаење и зголемена промоција на македонскиот спорт во странство.

Спортската дипломатија, како современ елемент на јавната дипломатија, е препознаена како алатка за унапредување на меѓународната соработка, промовирање на националните вредности, поттикнување мир, толеранција и меѓусебно разбирање. Спортот, како универзален јазик, претставува значајна можност младите од дијаспората да ја зајакнат врската со матичната земја и да придонесат кон нејзината меѓународна видливост.

Во рамките на Стратегијата, планирани се повеќе конкретни мерки и активности:

-воспоставување систем за идентификација и евиденција на спортскиот потенцијал од дијаспората

-поттикнување трансфер на знаење и искуство во домашниот спортски систем

-промоција и застапување на македонскиот спорт во странство

-вклучување спортисти од дијаспората во национални тимови и програми

-формирање Национален совет за спортска дијаспора

-назначување спортски амбасадори од редовите на дијаспората

-организирање промотивни активности и настани предводени од спортските амбасадори

-подобрено вмрежување, чувство на припадност и меѓународен углед на македонскиот спорт.

Со овие мерки, спортот станува значаен столб во новата Национална стратегија за соработка со дијаспората 2026-2030, со цел јакнење на врските со македонските граѓани низ светот и унапредување на меѓународната позиција на македонскиот спорт.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Wolt бележи глобален рекорд во првата недела од лансирањето во Скопје

Следно

Призна вина човекот кој прегази навивачи на прославата на Ливерпул

Latest from Blog

ПРАЗНО НЕБОТО НАД ГЕРМАНИЈА, итен АПЕЛ ДО СИТЕ патници

Пилотите на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ и нејзините подружници „Карго“ и „Ситилајн“ започнаа масовен дводневен штрајк, кој предизвика сериозен колапс во воздушниот сообраќај. Протестот, кој започна кратко по полноќ, се очекува да трае

Неверојатно: Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава!

фото: Arsenal @Arsenal (X) Неверојатна вест од Островот. Имено Арсенал сè уште планира да го продолжи договорот на својот менаџер Микел Артета, дури и ако ја завршат сезоната без да освојат трофеј.

Орбан го призна поразот КОЈ Е ПЕТАР МАЃАР, неговиот наследник

Лидерот на партијата Тиса, Петер Маѓар, напиша на својата Фејсбук страница дека унгарскиот премиер Виктор Орбан му ја честитал победата. „Премиерот Виктор Орбан ни ја честитал победата по телефон“, напиша Петер Маѓар.
Go toTop