Спомен обележје на загинатите полицајци во Диво Насеље – останува енигма кој ја поттикна групата за вооружен напад

August 23, 2023
1 min read

реклама



Кумановци пред осум години се разбудија од звукот на истрелите од вооружениот конфликт во Диво Насеље. Група од околу 40 лица се соочи со државните сили. Како резултат на тоа, животот го загубија 8 полицајци, а 37 други беа повредени, додека групата загуби 10 лица. Освен тоа, беа уништени и десетици куќи, бидејќи конфликтот се случуваше во урбана населба.

По тој повод, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски заедно со делегацијата од МВР денеска во Куманово го откри спомен обележјето на 8-те полицајци загинати во мај 2015 година. Началникот на полицијата рече дека никој не може им ја ублажи болката на семејствата, овој споменик ќе покаже дека тие вечно живеат.

реклама

До денес останува мистерија која била целта и кој ја поттикнал оваа група за вооружен напад. Дури и поранешниот командант на ОВК, Али Ахмети, пред една година изјави дека се уште не му е  јасна причина, и дека за овој случај побарал меѓународна истрага.

„Воопшто не сум знаел дека тие влегле во Македонија, не знаев каде се засолнети, кој ги засолни, кој ги насочуваше… и за мене ова останува енигма, бидејќи тие кои беа главни за оваа работа, тие двајца ги нема. Зборувам за Бег и Мирсад. Не знам колку знаат овие што се во затвор за да се открие вистината. Од самиот почеток побарав меѓународна истрага“, вели Али Ахмети

реклама

Инаку, епилогот од случајот „Диво Насеље“ заврши со вкупно 746 години затвор и 7 доживотни казни за кривично дело „тероризам“ и 4 лица беа ослободени од обвинението.

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

АМСМ: Патот од Берово до Струмица од 15:30 е во прекин во двата правци

Следно

ВИДЕО: Пожар во скопско зафати борова шума, активирани трите Ер трактори и хеликоптер на МВР

Latest from Blog

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се
Go toTop