Спасовски: Се преземаат опсежни мерки за пронаоѓање на Вања Ѓорчевска

December 1, 2023
1 min read

реклама


 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека се преземаат опсежни активности за пронаоѓање на 14-годишна Вања Ѓорчевска, која исчезна во понеделникот на пат кон училиште. 

Во изјава за медиумите дадена по посетата на СВР Скопје, министерот Спасовски рече дека се сослушани десетици лица и дека се вештачат електронските уреди од семејството и од девојчето. 

реклама

– Се пребаруваше и речното корито на Вардар, се пребаруваат сите подрумските простори не само во околината, туку и пошироко. Се работеше и на добивање податоци од црквите и манастирите во околисната на Скопје и тука нема да се застане, интензивно се работи, рече Спасовски. 

Им се заблагодари и на медиумите за објективното информирање и борбата против лажните вести кои се шират на социјалните медиуми.

реклама

Вања исчезна во понеделникот рано наутро на пат кон училиште. Последниот сигнал од нејзиниот телефон се губи спроти Универзална сала на булеварот Партизански одреди. 

МВР објави и нејзина фотографија и опис во листата на исчезнати, а по неа трага и Интерпол. За неа информираа и дел од медиумите во регионот.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел побара од жителите на Кан Јунис да се преселат во Рафа

Следно

Драмски театар гостува во Београдско драмско позориште со претставата „Мојот маж“

Latest from Blog

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop