Советниците од ДУИ обвинуваат дека Општина Тетово пушти булевар без добиена согласност од полицијата

December 20, 2023
1 min read

реклама


Советничката група на ДУИ одржа прес-конференција на која ја обвини општинската власт дека шест месеци откако булеварот „Благоја Тоска“ е пуштен во употреба, нема согласност од Секторот за внатрешни работи. Тие тврдат дека согласно сообраќајните прописи, секој пат на кој се менува режимот на сообраќајот, треба да добие дозвола од надлежните институции, а тоа во случајов е СВР Тетово.

– Општина Тетово не направила такво нешто бидејќи воопшто не се заинтересирани за безбедноста на граѓаните а булеварот е пуштен во употреба без почитување на клучните процедури. Како последица на ова, постојано се зголемува бројот на сообраќајни незгоди на оваа крстосница од патот „Б. Тоска“ и „29 Ноември“. Граѓаните секојдневно се изложени на ризик, а општина Тетово не презема ништо за регулирање на сообраќајот, поточно поставување семафори или кружни текови, истакна Шпреса Ќазими, советничка од редовите на ДУИ.

реклама

Советниците сметаат дека општината повеќе мисли на политика отколку на реални потреби на граѓаните.

– Ова раководство е подготвено да даде се од себе само за ситни политички поени, не штедејќи ја ни безбедноста на граѓаните. Уште колку несреќи треба да се случат да се направи нешто? Дали треба да умираат невини граѓани за потоа општината да се разбуди? Апелираме до градоначалникот на општина Тетово и неговиот клан, кои се претворија во урбана мафија, да го свртат фокусот кон безбедноста на граѓаните и итно да преземат мерки за регулирање на сообраќајот како што е предвидено со сообраќајните прописи. Животот на граѓаните е поважен од политиката и од куќите што ги градите, истакна Ќазими. 

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шпанскиот премиер ја повика Европа јасно да зборува за нападите во Газа за да се запре човечкото страдање

Следно

ОБЈАВЕН ТЕНДЕРОТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО ВО ЉУБОЈНО ВО ЦЕНТАР ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ГРАДБАТА ЌЕ ПОЧНЕ ВО ЈАНУАРИ, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop