Собраниската 51. седница продолжува по еден час пауза

June 3, 2025
1 min read

Во Собранието на Република Македонија се одржува 51 седница на која треба да се разгледуваат повеќе точки од кои и Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2024 година, како и Предлог на закон за прогласување на просторот околу Собранието за безбедносна зона. 

Веднаш по започнување на седницата пратеникот од Левица Борислав Крмов побара пауза од еден час. Крмов посочи дека причина за тоа се двете барања на партијата за информации од јавен карактер, за кои рече дека добиле нецелосен одговор.

-Ние и денеска ќе бараме еден час пауза за да се исправи неправдата во Собранието. Имено, ние имаме две барања за информации од јавен карактер поднесено конкретно нашата пратеничка Мојсовска, и еве генералниот секретар, едното барање го има целосно изигнорирано, а на другото има дадено нецелосни податоци. Така да, ние со оваа пауза која принципиелно ја бараме секоја седница се обидуваме да извршиме притисок за конечно да го добиеме тоа што ни следува и законски и деловнички.

Седницата продолжува во 12 часот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Велосипедисти од Северна Македонија и Бугарија што тргнаа на „тура на лојалност“ пристигнаа во Едрене

Следно

Раст на цените во Хрватска: Инфлацијата меѓу највисоките во еврозоната

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop