Собраниска делегација ќе учествува на редовната сесија на ПССЕ за 2024 година

January 22, 2024
1 min read

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија ќе учествува на првиот дел од редовната Сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за 2024 година, што се одржува од 22 до 26 јануари 2024 година во Стразбур, Франција. Делегацијата ја предводи пратеникот Дарко Каевски, а во нејзиниот сстав се и пратениците Арта Биљали-Зендели и Александар Николоски. 

Како што информираат од собраниската прес-служба, на отворањето на сесијата, Собранието ќе избере претседател. Во текот на сесијата, парламентарците, исто така, ќе изберат комесар за човекови права на Советот на Европа.

-Дебатите за скорешните случувања во Среден Исток: терористичкиот напад на Хамас врз Израел и одговорот на Израел, како и обвинувањата за систематична тортура во местата за задржување во Европа, ќе бидат меѓу истакнатите точки. Исто така, поднесено е барање за дебата под итна процедура за состојбата на децата од Украина, со онлајн интервенција на првата дама на Украина, Олена Зеленска, информираат од Собранието.

Претседателот на Република Кипар, Никос Христодулиц и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, како и премиерот на Лихтенштајн, Даниел Риш, ќе им се обратат на парламентарците. Доминик Хаслер, министер за надворешни работи, образование и спорт на Лихтенштајн, претседател на Комитетот на министрите и Марија Пејчиновиќ-Буриќ, генерална секретарка на Советот на Европа, пак, ќе имаат изјави пред Собранието и ќе одговараат на прашања од членовите.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Свлечиште во Кина затрупа речиси 50 луѓе

Следно

Лајчак: Треба да се искористи политичкиот замав во проширувањето на ЕУ

Latest from Blog

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните

Демонстранти од заседа нападнаа министер- гореа возила и царинарница во Боливија (ВИДЕО)

Неговото возило беше пресретнато во градот Копата, но министерот подоцна беше пронајден и е безбеден, пишува Би-Би-Си. Замора предводеше операција за отстранување на блокадите поставени од антивладините демонстранти за да го отежнат

Вашингтон го менува фокусот, нов пристап кон западен Балкан – заврши периодот на „градење држави“

Соединетите Американски Држави ја напуштаат политиката на градење држави и интервенционизам во Западен Балкан и се свртуваат кон соработка, се наведува во извештајот на Стејт департментот до Конгресот за односите со Западен
Go toTop