Со стихови на македонски и англиски Никола Маџиров го отвори Фестивалот на светската литература во Њујорк

April 22, 2025
1 min read

Со поетско читање на македонски и англиски јазик Никола Маџиров го отвори Светскиот поетски салон во рамките на Фестивалот на светската литература и уметност (World Literature and Arts Festival) кој се одржува од 14-ти до 30-ти април во салите на Њујоршката јавна библиотека.

На сцената пред околу сто и педесет присутни гости, Никола Маџиров настапи заедно со американската џез композиторка, пејачка и мултиинструменталистка Бека Стивенс, двапати номинирана за музичката награда Греми и редовна соработничка на современиот музички гениј Џејкоб Колиер — шесткратен добитник на Греми, на американскиот џез состав „Снарки Папи“ — добитници на пет Греми награди, како и на рок-легендата Дејвид Крозби — член и основач на „Крозби, Стилс, Неш &“Јанг .

 – Бека Стивенс, заедно со лидерот на „Снарки Папи“ — Мајк Лиг, веќе компонираа песна според стиховите од песната „Окото“ (The Eye) на Никола Маџиров, која таа ја исполни на отворањето на Поетскиот салон во Њујорк, а истата вечер премиерно ја изведе и нејзината нова композиција „Ние немаме сон“ (We Have No Sleep) според истоимената песна на Маџиров. Оваа композиција ќе се најде на еден од следните албуми на Бека Стивенс. По заедничкиот поетско-музички перформанс, следуваше разговор на Маџиров со аргентинскиот поет-полиглот, универзитетски професор и преведувач на Песоа и Пизарник — Патрицио Ферари. Настанот беше во организација на „Њујорк Паблик Лајбрери“ и „Лајмлајт Поетри“ од Њујорк. Според стиховите на Маџиров веќе имаат компонирано американската композиторка и добитничка на Пулицеровата награда за современа опера — Дујун, американскиот авангарден џез композитор и соработник на Бјорк и Лу Рид — Оливер Лејк, македонскиот пијанист и џез композитор — Гордан Спасовски, како и композитори на џез, опера и класична музика од Германија, Италија, Литванија, Естонија, информира Маџиров.

фото: Никола Маџиров 

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Еко-свест“ ќе го одбележи Денот на планетата Земја со вебинар за просумери

Следно

Заврши доказната постапка во судскиот процес за пожарот во модуларната болница – завршните зборови во мај

Latest from Blog

ВЛЕН: ДУИ наместо граѓаните, ги штити своите функционери

Политичката коалиција ВЛЕН со остра реакција ја обвини Демократската унија за интеграција дека наместо да ги штити интересите на граѓаните, ги брани, како што велат, „криминалците блиски до раководството“. Во реакцијата се

МОСКВА ГО ПРЕКИНА МОЛКОТ – Песков ја откри улогата на Русија во преговорите меѓу САД и Иран

Русија не учествува во преговорите меѓу САД и Иран, но е подготвена да помогне во постигнувањето мирно решение, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. – Во моментов, Руската Федерација не е

Трендафилов: Една минимална плата не е доволна ни за леб и вода

Една минимална плата не е доволна ни за леб и вода, коментира во објава на Фејсбук претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, откако ССМ денеска ја објави минималната синдикална
Go toTop