СО РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА „БОЈАТА НИЗ МУЗИКАТА“ ОДБЕЛЕЖАНИ 90 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ВЕЛЕШКИОТ УМЕТНИК АНГЕЛ ПЕТРОВ

August 23, 2023
1 min read

Со ретроспективна изложба отворена во Велес, се одбележа 90 години од раѓањето на академскиот сликар Ангел Петров од Велес (1933-2020). Изложбата насловена „Бојата низ музика” е поставена во Ликовниот салон со изложени околу 300 дела работени во различни техники, но и предмети од неговиот творечки опус и живот. Изложени се награди, ордени, признанија, благодарници, корици од книги, есеи и поезија посветена на Петров од еминентни писатели како и негови лични предмети.

„Делата не треба да стојат во депо, далеку од јавноста, треба да се излагаат. Пред публиката со оваа изложба е дел од неговиот огромен опус, опфатени се по две три дела од сите фази на творештво. Има дела од сите негови 62 самостојни изложби, половина одржани во Македонија, половина низ градови од Европа. Го одбележуваме неговото раѓање, бидејќи тој сметаше дека треба да се слави почетокот на животот, раѓањето, а не смртта. Изложбата има интересен и шарен концепт, има портрети, пејзажи, актови, коњи, има многу дела кои допрва треба да се вадат пред јавноста. Беше вљубен во Велес, иако имаше можност да го напушти и живее и твори во друг град, тој по никоја цена не го сакаше тоа“, кажа на отворањето Светлана Петрова, негова сопруга.

Фондацијата „Ангел Петров“ издаде монографија за животот на академскиот сликар, а изработено е и документарно видео за неговото 60-годишно творештво. Петров образованието го заокружил во Белград во Академијата за применета уметност, во класата на професорот Винко Грдан. Велешани и неговите блиски го знаат Ангел како човек со прекрасен глас, кој исполнуваше опери од италијански автори, но и канцони.

П. ПЕЧКОВ

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со стари лични документи ќе може да се гласа на следните претседателски и парламентарни избори

Следно

Соборен рекорд на натпреварот во лежење во Црна Гора: 12 учесници лежат повеќе од 120 часа

Latest from Blog

Невидени проблеми: Алонсо нема со кого на едно од најтешките гостувања

ФОТО: Real Madrid FC/FB Реал Мадрид е во исклучително деликатна ситуација пред натпреварот со Алавес, во кој притисокот не толерира никакви изговори. „Кралевите“ вечерва гостуваат кај Виторија, а евентуален нов неуспех би

Расте бројот на загинати во Сиднеј, нападот прогласен за терористички

Зборувајќи на прес-конференција, премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, потврди дека пукањето на плажата Бонди било насочено кон еврејската заедница во Сиднеј. Полицискиот комесар на Нов Јужен Велс, Мал Ланион, потоа

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Денеска официјално започна процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар на Меѓународниот Аеродром Скопје, како и подготовка за инсталација на новиот современ Мод S радар. Оваа процедура нема да има никакво

Зачинот што сите го имаме дома не е само за колачи: МОЖЕ ДА ЈА ЗГОЛЕМИ СЕКСУАЛНАТА ЕНЕРГИЈА

Циметот, еден од најчесто користените зачини во кујната, одамна е познат по своите здравствени придобивки. Но, нови истражувања покажуваат дека овој мирислив зачин може да има позитивно влијание и врз сексуалната енергија

ПРЕСВРТ НА ФРАНЦИЈА – ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА Црна Гора, ќе ги затвори сите 5 поглавја

Шансите Црна Гора да ги затвори сите пет планирани поглавја во вторник значително се зголемија, по интензивните дипломатски активности меѓу претставниците на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) кои се залагаат за што
Go toTop